„Се грижиме за секакви глупости, додека на некој најголема желба му е да застане на нозе“

Да се работи со деца со посебни потреби треба да се поседува големо количество на љубов и разбирање за да може да им се помогне. Тино Шаботиќ, дефектолог во ОУ Браќа Миладиновци во Куманово ја засакал својата професија затоа што верува во чуда. Верува дека секое дете и секој човек со учење и вложен труд може да биде уникатно чудо.

se grizime za sekakvi gluposti i nepotrebni raboti dodeka ne nekoj najgolema zelba mu e da moze da zastane na noze 5

„Не знам зошто децата со посебни потреби би ги класифицирале како различни од останатите. По кој критериум и оценка? Каде пишува дека постои дефиниција за она што е ,,нормално’’?“, ги поставува прашањата.

„Сите ние сме посебни и различни на свој начин. Според мене сите деца се едно големо семејство, но некои од нив имаат потреба од специјална помош. Единствено во тоа би можел да ја согледам разликата во детскиот свет“.

Искуството на Тино сведочи многу случки и моменти во кои децата со посебни потреби биле исмејувани и чудно сфатени од околината. Тој смета дека свесноста за оваа категорија на лица е на прилично ниско ниво во нашето општество, со секоја чест на исклучоците и додава дека има родители кои никогаш не би дозволиле нивното дете да учи со детенце со посебни потреби, но и такви кои ги учат и советуваат нивните деца како треба да се однесуваат со нивното другарче кое има посебни потреби.

FotoJet4

„Децата со пречки во развојот можеби нема да можат веднаш да одговорат на нашите прашања и барања, но сигурен сум дека нема ништо посилно од нивната емпатија, љубов и искреност спрема останатите. Тие треба постојано да учат од нас кои треба да станеме свесни за нивниот хендикеп, но би требале и би било убаво кога нешто и ние би научиле од нив, а верувајте има што и да понудат и со што да се пофалат“, констатира дефектологот Тино Шаботиќ.

Во училиштето во кое работи Тино секое дете има свој индивидуален образовен план и наставните содржини се модифицирани и прилагодени според индивидуалните психофизички способности на детето.

Наставниците работат на подобрување на нивните психофизички способности, когнитивни функции, осамостојување во извршување на своите потреби и активности, социјализација, говор, психомоторика, графомоторика, фина и груба моторика и многу други неопходни елементи за да секое дете се развие максимално според своите можности.

FotoJet1 copy

„Со моите ученици имаме поминато и доживеано многу среќни, интересни, но и необични моменти и случки“, раскажува Тино.

„Нема да го заборавам моментот кога мојот ученик се мачеше да ја изгради својата кула од коцки која постојано му паѓаше, ме стисна за дланката, ме погледна и тивко ми рече: ,,Батко Тино јас никогаш нема да се откажам’’. Во тој момент сфатив дека ништо во животот нема повредно од здравјето и дека никогаш не треба да се откажуваме во ништо. Се трошиме и грижиме за секакви глупости и непотребни работи, додека на некој најголема желба му е да може да застане на нозе.

Сите знаеме дека аутизмот е една од почестите болести на денешницата. Станува збор за невробиолошко развојно нарушување кој се јавува во рано детство, најчесто пред трета година од животот и се карактеризира со три клучни подрачја на развој кај детето: социјална интеракција, комуникација и однесување.

За жал, современата медицина сé уште не може да се справи во изнаоѓање на лек за оваа состојба, но истражувањата и искуството покажува дека со интензивно рано лечење и едукација на овие деца може да доведе до огромни позитивни резултати.

FotoJet2

„Мојата порака до родителите  е никогаш да не ги ограничуваат и спречуваат децата во своите желби и интереси, да им дадат на знаење дека во светот постојат и дечиња кои се можеби на некој начин поразлични од нас, но толку искрени со отворени срца кон секого, затоа треба да ги прифатиме како дел од нас, а не како нешто различно“, како за крај додава Тино, потенцирајќи колку модерната технологија (таблети и смартфони) може да наштетат на социјалното, но и психичкото развивање на децата, посебно во период на формирање и развивање на говорот.

FotoJet3

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Горан Пандев за татковството: „Присуствував на раѓањето на трите деца, најубаво ми е кога ќе заспием... „Моите три деца се родени во Италија. По нивното раѓање, кај нашите семејства во...
Цеце Николова за растењето без родители: „Првата жена која ме згрижи беше лоша, ми покажа како изгле...  „Детско село секогаш ќе го паметам по живеењето со многу деца, сите со ист...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Игор Стефановски - Иџе за татковството: „Никогаш не сум бил на родителска, ќерката повеќе личи на ме... „Со синот Олег разговарам отворено за сè и тоа ме радува. Неизбежно е на ти...
Педијатар специјалист Звезда Спасовска: „Детето треба да става играчки во уста за имунитет, лекови з... „Покачената температура е еден од најчестите симптоми кај децата кога се болни. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg