Марија Стамболиќ: Шарената архитектура на Лисабон и мирисот на пица низ Рим беа инспирација за над 2.500 фотографии од секој град


Марија Стамболиќ: Шарената архитектура на Лисабон и мирисот на пица низ Рим беа инспирација за над 2.500 фотографии од секој град

Имаме уште една Инстаграм-личност, чие око зграпчува интересни моменти од светот. По занимање машински инженер, со хоби фотографија, Марија Стамболиќ од Скопје обожава да патува, да се губи низ непознати улички и да посетува музички фестивали и концерти.

Marija stambolikj sharenata arhitektura na lisabon i mladeshkiot zivot zaedno so mirisot na pica niz rim bea inspiracija za nad 2500 fotografii od sekoj grad 9

Сето свое искуство го сподeлува на нејзиниот Инста-профил: @marijastam.

„Инстаграм ми е дел од секојдневието, бидејќи стана една од најкорисните апликации на денешницата“, споделува Марија.

„Не само поради фотографиите, туку, тука најчесто се информирам за настани, нови производи, разни места од обични локали па сé до градови и држави кои што сакам да ги посетам.

За мене Инстаграм на некој начин претставува бегство од реалноста, каде што луѓето не замараат со политика и преку фотографиите секој човек може да ја развива својата креативност.

Исто така, отсекогаш сум се интересирала за обичаите и традицијата на различни народи. Со следењето на луѓе од целиот свет и гледањето на нивните stories дознавам за нивниот начин на живот и сфаќам колку сме исти, а сепак различни.

И најважното од сé, благодарејќи на Инстаграм запознав многу драги луѓе“.

Marija stambolikj sharenata arhitektura na lisabon i mladeshkiot zivot zaedno so mirisot na pica niz rim bea inspiracija za nad 2500 fotografii od sekoj grad 1

Марија црпи инспирација од луѓето што ги следи на Инстаграм. Вели дека секојдневно им се восхитува на нивните фотографии и се труди да стане како нив.

Уште поголема мотивација ѝ се нејзините „следачи“ кои неколкупати се имаат препознаено во нејзините објави и ѝ имаат кажано дека им се допаѓаат нејзините фотографии. На Марија убавите критики ѝ значат повеќе од било каква награда.

Marija stambolikj sharenata arhitektura na lisabon i mladeshkiot zivot zaedno so mirisot na pica niz rim bea inspiracija za nad 2500 fotografii od sekoj grad 2

„Токму Инстаграм е виновникот за мојата љубов кон фотографијата“, открива таа.

„Уште на почетокот кога почнав да објавувам фотографии добив многу позитивни коментари. Тоа беше доволна причина да си купам апарат и да почнам да се усовршувам.

Од сé најмногу сакам да фотографирам улични фотографии. На тој начин сакам да го доловам духот на градот и рутините на локалните жители.“

Marija stambolikj sharenata arhitektura na lisabon i mladeshkiot zivot zaedno so mirisot na pica niz rim bea inspiracija za nad 2500 fotografii od sekoj grad 3

Во моментот Марија користи Nikon D3400 со објективот Nikkor 35-55mm и се обидува да го врати во животот ретро Smena 35mm.

„Најинспиративните места кои што досега ги имам посетено се Лисабон и Рим. И двата града претставуваат музеи самите по себе. Лутањето без мапи низ тесните улички ми претставуваше незаборавно доживување, бидејќи ми дозволува да експериментирам со фотографирање.

Лисабон се наоѓа на седум ридови, на кои има совршени тераси со поглед кон градот. Тука секој човек може да се изгуби во времето.

Шарената архитектура на Лисабон и младешкиот живот заедно со мирисот на пица низ Рим беа инспирација за над 2.500 фотографии од секој град“, додава Марија, која на луѓето што сакаат да се занимаваат со фотографија сака да им препорача воопшто да не се двоумат дали да почнат или не.

Секој да си ја одбере камерата која мисли дека најмногу би му одговарала и нека експериментира со неа. Тоа е најдобар начин за усовршување, заедно со пропратни курсеви и туторијали за фотографија.

Од лично искуство вели дека многу е важно да се има другарче-фотограф со кого заедно ќе се испробуваат нови техники на сликање, затоа што од таков човек никогаш нема да слушнеш: „Аман доста веќе сликаш“.

Marija stambolikj sharenata arhitektura na lisabon i mladeshkiot zivot zaedno so mirisot na pica niz rim bea inspiracija za nad 2500 fotografii od sekoj grad 8Marija stambolikj sharenata arhitektura na lisabon i mladeshkiot zivot zaedno so mirisot na pica niz rim bea inspiracija za nad 2500 fotografii od sekoj grad 8Marija stambolikj sharenata arhitektura na lisabon i mladeshkiot zivot zaedno so mirisot na pica niz rim bea inspiracija za nad 2500 fotografii od sekoj grad 8Marija stambolikj sharenata arhitektura na lisabon i mladeshkiot zivot zaedno so mirisot na pica niz rim bea inspiracija za nad 2500 fotografii od sekoj grad 8

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Живко Грозданоски: „Стравот е гладна ѕверка која се храни само со наши... Се трудам помеѓу мене и мојот страв да подигнам едно непробојно стакло од смирен...
Марија Ѓурчиновска: „Планините се мојот издувен вентил, а Македонија и... Природата за мене е основното нешто што му треба на човекот за да постигне благо...
Зориа Петкоска за животот во Токио: „Град во кој отсекогаш сакав да жи... Поет, екстремен космополит, филолог и логофил, така себеси се опишува Зориа Петк...