Ивана Младеновска: „Малта е преполна можности, мана се само сообраќајниот метеж и влажноста“

Секој си го следи животниот пат. И пробува колку што е можно повеќе да се придржува до зацртаната цел. 

razlicni moznosti gledista lugje vo tolku mala zemja iskustvoto na ivana mladenovska za zivotot i rabotata na malta 10

Слична приказна има и Ивана Младеновска (27) од Куманово. На своите 19 години заминала на студии во Софија, каде дипломирала финансии и финансиска контрола, а образованието го надополнила и со магистратура по сметководство.

Токму во последниот семeстар од магистерските студии, започнала да работи како фондов сметководител во една мала холандска фирма во Софија. Тоа било клучниот момент кога се вљубила во професијата со која и до ден денес се занимава. По скоро осум години поминати во Софија, каде пораснала, созреала и научила многу животни лекции, Ивана сфатила дека дошол моментот животното патување да го продолжи на друга локација – Малта.

„Главната причина поради која заминав од Софија беше развој на кариерно ниво“, раскажува Ивана, која веќе шест месеци живее тука. „Малта е земја, која е доста привлечна за странските инвестиции заради ниските даноци и нуди огромни можности за развој. Мојата професија е развиена на доста високо ниво таму,  се соочив со многу посложени фондови структури која беше самата причина за моето преселување“.

razlicni moznosti gledista lugje vo tolku mala zemja iskustvoto na ivana mladenovska za zivotot i rabotata na malta 7

Како на професионален така и на личен план, Ивана секојдневно сака да се развива и да учи нови работи. Љубопитноста е нејзиниот двигател. Во слободно време активно спортува, ужива да трча покрај морето, исто така оди и на различни тренинзи во фитнес студио.

И, се разбира, обожава да избега неколку дена на ново место, да ја запознае колку што може културата, како и местата на кои се движат мештаните. Ивана ја сака и нивната традиционална храна, како што е pastizzi и специјалитетите со зајачкото месо.

razlicni moznosti gledista lugje vo tolku mala zemja iskustvoto na ivana mladenovska za zivotot i rabotata na malta 3

„На Малта буквално има луѓе од целиот свет и воопшто не се чувствувам како странец, зошто секогаш ми е пријатно кога ќе запознаам некого од нашите простори“, споделува таа. „Тоа е едно од нештата што ми се допаѓа на Малта. Дури по статистиката, на Малта живеат повеќе странци, отколку самите мештани. Тука има идеална медитеранска клима, островска земја, земја на море, сонце скоро 360 дена и сето тоа  ми беше како бонус со целиот пакет!

Има прекрасни плажи, песочни и камени на кои може да избегаш секој викенд. Тогаш се чувствуваш дека си на одмор. Така и ми беше првите два месеца откако се преселив тука, точно во средината  на летната сезона. Искрено, сé уште се чувствувам како турист, и иако Малта  е  географски мала земја, сé уште имам „on the list“ места кои допрва треба да ги посетам!

razlicni moznosti gledista lugje vo tolku mala zemja iskustvoto na ivana mladenovska za zivotot i rabotata na malta 8

Уште од првиот момент кога стапнала на островот, Ивана, се вљубила во уникатната архитектура, во слатките куќи со надворешно заградени балкони и обоени во различни пастелни бои. Поради својата местоположба, во минатото Малта постојана била мета на различни освојувачи, по што сведочи и самиот малтешки јазик, кој е комбинација од англискиот, италијанскиот, францускиот и арапскиот. Но, освен малтешкиот, англискиот е исто така официјален јазик, па така нема јазична бариера во тој поглед.

Ивана додава дека локалците секогаш се готови да помогнат и тоа го потврдува од лично искуство. Од самиот почеток откако се преселила, Ивана се соочила со ситуации во кои луѓето навистина ѝ помогнале, особено во моментот на интегрирање во општеството.

razlicni moznosti gledista lugje vo tolku mala zemja iskustvoto na ivana mladenovska za zivotot i rabotata na malta 2

„Нели, сето ова ќе звучи како „too good to be true“, но  има и некои работи кои не се толку сјајни и тука. На пример, самиот сообраќаен метеж може да биде доста проблематичен од проста причина што како островска земја, па и заради самата архитектура уличките се доста потесни и се создава брзо сообраќаен застој.

Сепак, добро е тоа што има редовни бротчиња кои ги сврзуваат најпосетуваните места, како главниот град – Валета,  и е супер идеја да се искористат како превозно средство во тие моменти. Во поглед на возачите, нема некој посебен бон-тон кој го почитуваат. Во повеќето случаи не се даваат сигнали пред да се направи маневар, што понекогаш може да биде доста опасно.

Втората работа, која сега почнав да ја чувствувам повеќе на своја кожа е самата влажност во воздухот, што не би било таков проблем ако куќите имаат добра изолација. Најчесто се летни куќи, па така во зимскиот период може да е постудено дома, отколку надвор. Сепак, има и за тоа решение, може да се излезе надвор и да се стоплиш на сонцето преку ден.

Од друга страна во последните годините кириите се доста качени, поради зголемениот број на странски инвеститори и работната рака однадвор. Но, за тоа влијае и iGaming компании, кои доведоа до зголемена побарувачка на недвижнини во централниот дел на Малта“, споделува Ивана, која ужива на ова мало парче земја, која има уште многу да понуди како на професионален ,така и на личен план.

На сите топло им препорачува да ја посетат Малта, зошто верува дека секој може да најде нешто за себе.

razlicni moznosti gledista lugje vo tolku mala zemja iskustvoto na ivana mladenovska za zivotot i rabotata na malta 9

FotoJet3131

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Катерина живее на Малта: „Ја напуштивме Македонија со две мали деца, воопшто не беше лесно“ „За Малта заминавме со 2 деца, Петар (6) и Огнен Георги (1) и не можам да кажам ...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Битолчанката Дивна 13 години работи на брод: „Од аниматор за деца стигнав до директор на одделот, Ма... „Со оглед дека во Македонија беше тешко да се добие работна позиција по завршува...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg