Концертни фотографии на Стефан Самандов или комбинација на енергија, движење и емоции


Концертни фотографии на Стефан Самандов или комбинација на енергија, движење и емоции

Стефан Самандов (21), студент на Филолошки факултет – Шпански јазик и книжевност е ентузијаст, љубител на природата и фотографијата. Во слободно време вози велосипед, обработува фотографии и гледа документарци во врска со фотографијата. 

koncertni fotografii na stefan samandov ili kombinacija na energija dvizenje i emocii 1

„За прв пат со дигитална фотографија се запознав пред четири години, кога од моите родители го добив првиот DSLR-апарат, па решив да го искористам на паметен начин.

Како и секој почетник, фотографирав сѐ и сешто, но со текот на времето почнав да го користам за доловување на моменти на некои од журките на кои присуствував“, раскажува Стефан.

Најголем пресврт му се случило кога на еден концерт се запознал со фотографот Стефан Рајхл, кој според него е најдобриот концертен фотограф, од кој има научено многу во врска со концертната фотографија и општо за фотографијата. По неколку заеднички концерти поминати со Стефан Рајхл, веќе се нашол на големата сцена како фотограф на многу фестивали и концерти. 

„Со тек на времето целосно се фокусиран на фотографирање концерти, но и портрети на луѓе. Тоа што најмногу ме привлекува додека фотографирам концерти е самата енергија на изведувачите, нивните движења и емоциите кои ги споделуваат со публиката“, открива Стефан. „Додека пак кај портретите најмногу ме фасцинира изразот на лицата додека ги фотографирам. Од секој израз може да се научи многу за самата личност што стои пред објективот“. 

Стефан вели дека за еден портрет да излезе добро, дефинитивно најважна е креативноста и односот помеѓу фотографот и субјектот. Тој, секогаш се труди да зборува што е можно повеќе со личноста што ја фотографира за да ја релаксира и да ја мотивира да излезе од својата комфор зона. Додава дека голема улога игра и светлото што се користи во зависност од тоа дали се фотографира во студио или на отворено.

Нему, како фотограф, најмногу впечаток му оставил концертот на Kreator и концертот на At the Gates во Скопје, кои направиле предобра атмосфера. Во моментот, со нетрпение го чека претстојниот концерт на Powerwolf во Будимпешта и концертот на Андре Риу со својот 60-член Јохан Штраус оркестар.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Од ракометар до сликар - Погледнете го шарениот свет на Влатко Тасевск... Велат дека секој се раѓа со некаков талент, и секој има дарба да го разубави све...
Ивана Младеновска: „Малта е преполна можности, мана се само сообраќајн... Секој си го следи животниот пат. И пробува колку што е можно повеќе да се придрж...
Фотографот Петар Тутунџиев: „Свадбата е посебен ден и не се дава во се... За себе вели дека е перфекционист по природа, па затоа кога ќе земе фотоапаратот...