„Вкусни приказни“ - Блогот за здрави и креативно декорирани оброци на Весна, мајка на две деца


„Вкусни приказни“ - Блогот за здрави и креативно декорирани оброци на Весна, мајка на две деца

Денес ќе влеземе во светот на една интересна личност, забавна и комуникативна. Мајка на две деца. Петгодишниот Максим и петмесечната Ника.

zdravi obroci i kreativni idei vkusni prikazni za site ljubiteli na hrana 2

Станува збор за Весна Ѓурковска Каеска (36), која за себеси вели дека танцот и пеењето сега ги заменила со готвење и декорирање на оброците за децата.

Можеби не игра и не пее на сцена, но затоа тоа секојдневно го прави по дома. Она што во момент е актуелно поврзано со неа е стартувањето на нејзиниот блог @vkusni.prikazni.

„Многу долго време ми требаше да се решам да го стартувам блогот. Но, на мое огромно задоволство, прв кој ме поддржа беше сопругот, после него една моја пријателка и мајка-блогер Ели. Навистина сум им благодарна.

Приказната настана од љубов кон храната, во периодот на подготовките на оброците на Максим, а сликите ги објавував во една Фејсбук група за родители Здрава храна, здрави деца!, каде што сум една од администраторите.

zdravi obroci i kreativni idei vkusni prikazni za site ljubiteli na hrana 1

Мора да кажам дека реакциите секогаш беа воодушевувачки и позитивни, прво заради изгледот на самата чинија и заради содржината на неа – квалитетот на храната. Ме поведе љубовта кон храната и нејзината подготовка. Тоа некако ја наметна спонтано идејата за блог. И ете, конечно се случи и тоа“, раскажува Весна.

Блогот Вкусни приказни има за цел да раскажува приказни поврзани со чиниите и секојдневјето. Нејзини, наши, сечии. Секоја сторија е поврзана со некоја случка од животот на нејзиното семејство и прашања изговорени од едно љубопитно дете.

Освен храна, Весна споделува и емоции и пораки. Тоа е и нејзиниот двигател, зошто има што да сподели со луѓето.

View this post on Instagram

На Водно 🏞️ Еден убав априлски ден, Максим и тато решија да појдат на еднодневен излет на Водно. Го спремија и шаторот за пладневната дремка, им спремив нешто за јадење и тргнаа. Јас, решив подоцна да одам. Дента си поминале преубаво. Пешачеле, собирале стапчиња, истражувале. Подоцна го поставиле шаторот и влегле да одмараат. Им однесов ручек и сите тројца ручавме во природа. Мама и тато пиеја кафе, Максим ме внесе во шаторот да ми покаже како се спие таму и како изгледа од внатре ☺️ Баш беше забавно. Максим уште долго по излетот средуваше импресии. Имате ли омилен рид, планина, излетничко место во Македонија? Одите ли на непроверен терен и малку во акција, испитувајќи нови места? Сакате ли да спиете на трева и да копате во земја барајќи црвчиња? 🤭 ❤️ . . . . #kidsfoodidea #creativefood #goodfood #instakids #foodforkids #creativebreakfast #coloryourfood #kiddish #foodideas #creative #toddlerfoodideas #kidsfoodideas #funnyfoodart #foodartblog #foodartist #najmilinajmali #motherhood #вкусниприказни #инстаграмџии #инстаграмџики #фотонаденот #среќа #храна #деца #љубов #мама #мамаблогер #мајка #мајкаблогер #здравахрана

A post shared by Вкусни Приказни (@vkusniprikazni) on

„Секој оброк бара различно време на подготовка. Зависи дали во оброкот има нешто како дополнителна подготовка (палачинки, погачи, крекери, бомбици...) или не. Ако е само овошје или зеленчук кое се става во чинија, тогаш ми треба од 10 до 15 минути за креативниот дел. Но, доколку правам класичен појадок со уметнички приказ, сигурно половина час“, споделува Весна, која тврди дека креативно подготвениот оброк повеќе ги мотивира децата да јадат.

Вели дека љубопитноста е главна особина за децата. И дека тоа им дава слобода да пробаат и прават нови работи. Има и деца кои се вистински непопустливи карактери за храна, но и за нив може да се најде некој трик како здраво да се хранат.

View this post on Instagram

Був чудовиште 🦉 Малку спие и изгледа чудно И има очи широко отворени кога е будно. Понекогаш и вишок килограми за кои постојано приговара, А, кога спијат децата не легнува да одмара. Ете, си изнаоѓа некаква работа, И така, од понеделник до сабота. Викенд пак, кога сите бувчиња спијат, Се сети дека садови треба да се мијат. Овој чудовишен був во недостиг на инспирација се случи, Зашто половина од денот, главата му бучи. Каква е оваа приказна во рима, Дали е заради тоа што е зима? Што е тоа прикажано во чинија Направено со чудна линија? Еден, два, три погодуваме сега За да во иднина инспирацијата не ни бега. 🤭😂 . . . . #creativefood #instafood #goodfood #yummy #instakids #foodforkids #creativebreakfast #coloryourfood #kiddish #foodideas #creative #toddlerfoodideas #kidsfoodideas #funnyfoodart #foodart #foodartblog #najmilinajmali #вкусниприказни #инстаграмџии #инстаграмџики #фотонаденот #среќа #храна #деца #љубов #мама #мамаблогер #мајка #мајкаблогер #мамаблогер #здравахрана

A post shared by Вкусни Приказни (@vkusniprikazni) on

„Точно, пред една година, само што забременив со Ника, се договоривме да одиме на Водно, зашто лани снег во градот немаше баш, а таму имаше малку. Па, за да се израдува Максим тргнавме. Непосредно пред тргање, по појадокот имав ставено да се вари наут, зашто дента сакав да правам хумус.

И во тој хаос од спремање за побрзо да стигнеме на автобуска, не се разбравме со сопругот дали е исклучен шпоретот, кој треба да го исклучи и слично. Тој не слушнал, јас не сум проверила и ете, недоразбирање. Се качивме на врв, нарачавме кафе. Сонце и снег. Дишам со полн капацитет.

Луѓето насмеани и ведри дека има чист воздух, јас мижам од среќа за зимска идила... И мене ми светнува дека јас дома оставив хумус да се вари! Си се вратив веднаш со автобус, хумусот си изгорел, јас потресена дента не направив ништо“, споделува Весна една од многуте кулинарски приказни со кои се среќава секојдневно. За тоа сведочи и распарот на сервис за јадење и чаши.

View this post on Instagram

GIVEAWAY!!! Доделуваме тегли мед со матичен млеч со @sparklydaughter и @tanjaisovska 🍯. Кај @sparklydaughter се деталите 😍😍 Мед + матичен млеч Бомед во борба против алергиите. #нутрифакти. Заради способноста на матичниот млеч да го зајакнува имунитетот и да ја зголемува отпорноста на организмот, тој може многу да помогне во борбата против алергиите. Активната борба против алергиите најдобри резултати дава, ако започне во периодот кога во природата алергените се најмалку присутни, а тоа е после месец октомври кога растенијата мируваат. Дисциплинирана и подолготрајна употреба на миксовите од мед и млеч, кај лицата кои немаат алергија на мед и млеч, дава одлични резултати во борбата против алергиите. Матичниот млеч најчесто се користи во случај на настинки, разни вирусни инфекции, за зголемување на имунитетот и отпорноста на организмот. Покрај споменатото, со употребата на млечот организмот добива уште многу други придобивки меѓу кои и тоа дека матичниот млеч помага при зараснување на скршеници, како и борба против реума и артритис. . . . . #creativefood #colorfulfood #kiddish #foodideas #toddlerfoodideas #foodart #kidsfoodart #healthyfood #creativefruits #kidsfood #funnyfood #toddlerfoodideas #yummy #foodartblog #вкусниприказни #инстаграмџии #инстаграмџики #фотонаденот #среќа #храна #деца #љубов #мама #мамаблогер #мајка #мајкаблогер #здравахрана #овошје

A post shared by Вкусни Приказни (@vkusniprikazni) on

„Креативноста се буди спонтано и неочекувано. Најчесто кога воопшто не мислиме на тоа дека треба да бидеме креативни. Мене најчесто ме инспирира улогата на мајка. Во таа улога полна со предизвици, секојдневно пишувам нови приказни“, завршува Весна Ѓурковска Каеска за заднината на нејзиниот блог Вкусни приказни.

View this post on Instagram

Under the sea 🌊🐙🐚 Морето е посебно омилена тема на син ми. Мислам дека, на сите ни е 😀 Се сеќавам кога отидовме првата година на море со петнаесетмесечно дете, го понесов цел дом од храна која беше предвидена за него 😂 бев во блага паника, за да таму уживам во неговото долго спиење, играње до бесвест со песок и кофички и апетит на максимум 😍 секоја година, уште два месеци по одморот се прераскажуваат случките и се планира следниот. Сакаат ли водени лудории вашите дечиња? Какви активности и реквизити носите? Дали море/езеро со дете или тодлер е релаксација или стрес? ❤️ . . . . #creativefood #instafood #goodfood #yummy #instakids #foodforkids #creativebreakfast #coloryourfood #kiddish #foodideas #creative #toddlerfoodideas #kidsfoodideas #najmilinajmali #healthyfood #motherhood #funfoodforkids #вкусниприказни #инстаграмџии #инстаграмџики #фотонаденот #среќа #храна #деца #љубов #мама #мамаблогер #мајка #мајкаблогер #здравахрана

A post shared by Вкусни Приказни (@vkusniprikazni) on

View this post on Instagram

Мамо, те сакам до Месечината и до сите планети и ѕвезди и назад 😂❤️ Кога почнаа првите прашања и разговори за Вселената, за Сонцето, Месечината, ѕвездите, прво што беше научено е дека кога се зборува за Вселената, се мисли на многу, на бесконечност, на нешто големо и силно. Така и Максим кога ни изразува љубов, ја мери во Планети и ѕвезди. Дијалогот обично оди вака: М: Мамо, те сакам! В: И јас, тебе. Многу. М: Јас тебе повеќе. В: Не, не, не... Јас тебе повеќе. М: Јас те сакам до Месечината и сите планети и ѕвезди. В: Јас тебе исто толку и назад... И тоа продолжува 😀 Која е мерната единица за љубов со вашите деца? ❤️ . . . . #creativefood #instafood #foodforkids #creativebreakfast #coloryourfood #kiddish #foodideas #creative #toddlerfoodideas #kidsfoodideas #funfoodforkids #najmilinajmali #healthyfood #motherhood #вкусниприказни #инстаграмџии #инстаграмџики #фотонаденот #среќа #храна #деца #љубов #мама #мамаблогер #мајка #мајкаблогер #здравахрана #вселена

A post shared by Вкусни Приказни (@vkusniprikazni) on

View this post on Instagram

Цвеќе 💐 Максим годинава имаше дебѝ на претстава од градинка. Улогата му беше Зајко Бајко 🤭 Беше одличен. Впрочем, сите деца беа прекрасни и ни покажаа дека е прекрасно да се биде родител, додека ги гледаш успесите на своите деца и си горд на нив, додека тивко ги голташ солзите радосници и ракоплескаш многу подолго од останатите 😀 Таква бев и јас. Хормони 🤭 Грутка од возбуда во грлото, солзи во очите и насмевка на лицето. На премиерата му подарив цвет. Беше пресреќен. Подаруваме ли цвеќе без повод? Еден подарен цвет се милион емоции во секунда. Секој заслужува цвет без повод. Сите ние. Децата најмногу. За да ги потсетиме што ни се и колку ни значат ❤️💙 . . . . #kidsfood #creativefood #instafood #goodfood #yummy #instakids #foodforkids #creativebreakfast #coloryourfood #kiddish #foodideas #creative #toddlerfoodideas #najmilinajmali #motherhood #foodart #вкусниприказни #инстаграмџии #инстаграмџики #фотонаденот #среќа #храна #деца #љубов #мама #мајка #мамаблогер #мајкаблогер #цвеќе #креативно

A post shared by Вкусни Приказни (@vkusniprikazni) on

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Отворено со нутриционистот Билјана Ристеска: Од трендови во исхрана ка... „Загрижува фактот што денешната младина има сè на дофат на рака и сакаат да изгл...
„Се грижиме за секакви глупости, додека на некој најголема желба му е ... Да се работи со деца со посебни потреби треба да се поседува големо количество н...
Излезете од секојдневната монотонија и запознајте ги дечките од „Флека... Сите имаме моменти кога со своите блиски сакаме да се „глупираме“, да ги извадим...