Бојан Ѓурчевски: „Дневна автобуска карта во Амстердам е 5 евра, а холандските села се бајка“

„Нема да го заборавам селцето како од бајките во околината на Амстердам со ветерници од 19-тиот век со кои мелат какао и произведуваат чоколадо, опколени со волшебни зелени површини, но го обожавам и урбаниот Амстердам каде пиво во кафуле е 5, 6 евра и се чувствува мирис на слобода“, вели 28-годишниот скопјанец.

bojan-gjurchevski-dnevna-avtobuska-karta-vo-amsterdam-e-5-evra-a-holandskite-sela-se-bajka-01.jpg

Бојан Ѓурчевски (28) е апсолвент на Факултетот за земјоделски науки и храна, моментално вработен во секторот за логистика во ВИП операторот.

Обожава да патува и вели дека Италија му е во срцето и секогаш со задоволство би се враќал таму, но сега како дестинација за посета ја избра Холандија.

Проговоривме со него за впечатоците оттаму:

Колку време престојуваше таму и како се одвиваше патувањето?

Бев прилично кратко, односно на 5 дена,а патувањето дотаму беше едноставно бидејќи има директен лет со Wizz Air од Скопје до Ајндховен, кој ме чинеше околу 60 евра (со сè багажот).

Кога пристигнав на аеродромот во Ајндховен купив автобуски билет во два правци до Амстердам кој чинеше 40 евра и се упатив кон Амстердам. По пат забележав како од една прилично индустриска зона (по некоја професионална деформација ги анализирав големите и модерни магацини и логистички центри) се упативме кон огромни пространства зелени површини со типични холандски куќарки со добиток и голем број на канали и водени површини бидејќи како што знаете земјата е под морското ниво.

Инфраструктурата и патот до Амстердам се предобри и се стигнува за околу час и 15 минути.

bojan-gjurchevski-dnevna-avtobuska-karta-vo-amsterdam-e-5-evra-a-holandskite-sela-se-bajka-08.jpg

Го сакам Амстердам затоа што...

Амстердам е магичен - мирис на слобода, живописни градби со типична холандска архитектура од 17-тиот век, безброј канали и мовчиња и многу велосипеди.

Има навистина малку моторни возилa, воздухот е чист, насекаде шетаат туристи, има кофишопови и преплавен е со уметност и музеи.

bojan-gjurchevski-dnevna-avtobuska-karta-vo-amsterdam-e-5-evra-a-holandskite-sela-se-bajka-07.jpg

Го посетив музејот Rijksmuseum каде што видов едни од најголемите уметнички дела како битката кај Ватерло на Jan Willem Pieneman, aвтопортретот на Vincent Van Gogh - една од првите селфи фотки, дела од Vermeer и како круна на музејот на најгорниот кат волшебната Nightwatch od Rembrandt.

bojan-gjurchevski-dnevna-avtobuska-karta-vo-amsterdam-e-5-evra-a-holandskite-sela-se-bajka-02.jpg

За сместувањето и цените...

Секогаш каде и да патувам користам сместување кое го букирам преку Airbnb или Booking зависи каде ќе најдам нешто прифатливо со цена, но да ги има сите услови кои ми се потребни.

Бев сместен бев во Хаарлем, на страна од хаотичниот центар на Амстердам. Бев на 15 минути со воз од центарот или 30-40 минути со велосипед.

Возовите се достапни постојано и буквално има на секои 5 минути од сите правци. Билетите се движат од 6 до 10 евра.

Пиците се од 5 до 10 евра во зависност од ресторанот и неговата локација, автобуска дневна карта е 4-5 евра, пиво во кафуле е 5-6 евра, а во маркет од 1,5 до 3 евра.

bojan-gjurchevski-dnevna-avtobuska-karta-vo-amsterdam-e-5-evra-a-holandskite-sela-se-bajka-03.jpg

Кога мислам на холандско село мислам на...

Zaanse Schas (Zaandam) - селце како од бајките во околината на Амстердам со ветерници од 19-тиот век со кои мелат какао и произведуваат чоколадо, опколени со волшебни зелени површини и куќарки како од приказната за Ивица и Марица. Се наоѓа покрај реката Zaan.

bojan-gjurchevski-dnevna-avtobuska-karta-vo-amsterdam-e-5-evra-a-holandskite-sela-se-bajka-06.jpg

Какво искуство имаше со локалците?

Прељубезни се и сите зборуваат англиски. На почеток од немање недоволно култура за велосипед ги нервирав одејќи по патеките за велосипедисти. Имаат буквално развиено цела сообраќајна мрежа со пешачки премини, семафорчиња итн.

bojan-gjurchevski-dnevna-avtobuska-karta-vo-amsterdam-e-5-evra-a-holandskite-sela-se-bajka-05.jpg

Највкусен холандски специјалитет...

Како љубител на храната од улични тезги би ги издвоил холандските baby pancakes, тоа се оние мали палачинки со шеќер во прав и чоколаден прелив, кои ги приготвуваат со невидена вештина.

bojan-gjurchevski-dnevna-avtobuska-karta-vo-amsterdam-e-5-evra-a-holandskite-sela-se-bajka-04.jpg

Наредна дестинација на листата...

Не знам долга е листата, но можеби Португалија или Шпанија.

Фотки од неговото патување:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марко Џамбазоски: „Сакам да истражувам и да покажам дека Македонија е многу повеќе од Скопје и Охрид... Марко Џамбазоски од Скопје со неговиот авантуристички дух постојано ја истражува...
Ирена Силјаноска за патувањето од соништата во Мароко: „Ме чинеше 1.800 евра, го доживеав најубавото... „Во Црвената пустина, во областа Ерг Чеби доживеав прекрасно зајдисонце и изгреј...
Сања Мишковски за одморот на Тасос: „Бевме сместени во Скала Потамиа, островот има рајски плажи, а д... „Патувањето до Тасос воопшто не е напорно. Од Скопје се патува околу 5 часа со а...
Ива од Битола за патувањето во Италија: „Во Фиренца има џепчии и измамници, Чинкве Тере беше љубов н... „За роденденот носев венче Happy birthday, па ми честитаа и непознати лица кои п...
Анџело Павловски за патувањето во Јапонија: „Младите обожаваат караоке, дневна карта за метро во Ток... „Секој Јапонец, без разлика на тоа од каде сте и како изгледате, се однесува со ...
Бојана од Скопје живее во САД: „Флорида не беше мојот прв избор за живот, но љубовта ме задржа тука“ „Флорида не беше мојот прв избор, но љубовта си го прави своето и останав овде з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg