Фотографот Петар Тутунџиев: „Свадбата е посебен ден и не се дава во сечии раце да биде документирана“


Фотографот Петар Тутунџиев: „Свадбата е посебен ден и не се дава во сечии раце да биде документирана“

За себе вели дека е перфекционист по природа, па затоа кога ќе земе фотоапаратот в раце сака да прави врвни фотографии. Петар Тутунџиев (28), кој живее на релација Скопје-Велес, скоро 14 години се занимава со фотографија, од кои веќе 8 професионално. 

Petar tutundjiev svadbata e poseben den i ne se dava vo secii race da bide dokuemntirana 1

Освен што сака да фотографира портрети, Петар со неговиот уметнички е пристап вистински мајстор за свадбени фотографии.

„Сликање свадби за мене претставува предизвик и задоволство. Сепак, тој посебен ден не се дава во сечии раце да биде документиран“, споделува Петар Тутунџиев, кој е дел од Tulip Wedding.

Petar tutundjiev svadbata e poseben den i ne se dava vo secii race da bide dokuemntirana 3

Доколку моментот и свадбата дозволуваат, тој сака да биде незабележителен, да не речеме како „дух“ и да ја документира свадбената веселба од негова перспектива.

Сака да ги долови оние мали моменти со излив на емоции. Во принцип, Петар е тој што сака да биде што е можно потивок и најбитното за него е да не пукне блицот.

„Во моето досегашно искуство имам поминато низ секакви ситуации. Но, како трауматична случка ќе ја одвојам онаа кога некаде на средина од една свадба ми откажа картицата со материјал од цел ден, али сепак цела среќа што фоткав истовремено на две картици, па спасен беше денот“, се присетува Петар.

https://www.instagram.com/p/BncKh-pnn4X/

Тој додава дека за сите што фотографираат или планираат да фоткаат настани, од голема важност е ако фотоапаратите имаат слотови за две картици за да се користат максимално за двојно запишување.

https://www.instagram.com/p/Bo6ffB4HC4U/

Во продолжение следува дел од фотографското портфолио на Петар Тутунџиев:

https://www.instagram.com/p/BssBSgpHW9D/

https://www.instagram.com/p/Bsns4dWnc1-/

https://www.instagram.com/p/BpNIkTBHzuA/

https://www.instagram.com/p/BpBc55Gn3_Z/

https://www.instagram.com/p/Bo9bMnPn4sD/

https://www.instagram.com/p/BnafO8Gn_io/

https://www.instagram.com/p/Bm8G5r1noPq/

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Од ракометар до сликар - Погледнете го шарениот свет на Влатко Тасевск... Велат дека секој се раѓа со некаков талент, и секој има дарба да го разубави све...
Андреј Прави Влогови: YouTube сега е телевизија со помал буџет, каде з... Уште еден Јутуб лик се издвојува во македонската сцена во последните години, а т...
Запознајте го македонскиот јутубер-аниматор Nikola_Art_House и неговио... Во времето на YouTube револуција, постојано на површина испловуваат нови им...