Откријте го јапонскиот рецепт за деловен успех

otkrijte-go-japonskiot-recept-za-deloven-uspeh-povekjeЈапонците отсекогаш биле познати како највредни луѓе на планетата. Тајната на нивниот успех не е само во совршената организација на времето и...


...работата туку и во дисциплината и беспрекорното уредување на работниот простор.

Јапонците своите канцеларии и работниот простор го доведуваат во совршена состојба почитувајќи го принципот 5С, односно пет акции кои на нивниот јазик почнуваат со буквата С.

Почитувајќи ја оваа филозофија наречена Kaizen, помалку се занимаваат со неважни работи, па целата енергија ја насочуваат кон работата.

Погледнете што преземаат јапонците за да го избегнат стресот на работа и да бидат повредни и попродуктивни.

otkrijte-go-japonskiot-recept-za-deloven-uspeh

SEIRI – дефинирање
Овој принцип подразбира поделба на работниот материјал на неопходен, итен и непотребен. Сè што ви е неопходно да ставите во зелена кутија или папка, сè што е итно во црвената, а она што е непотребно веднаш фрлете го.

SEITON – уредување
Seiton пред сè значи правилно сместување на потребниот работен материјал, за да работите што подобро и поефикасно. Сè што ви е неопходно мора да биде во вашата близина, а материјалот кој повремено го користите уредно нареден во плакарот.

SEISO – чистење
Чистењето на работниот простор е многу важен дел во организацијата на работата. Целта е да создадете амбиент без прашина и прљавштина што ќе ви помогне попријатно да се чувствувате во работниот простор, но и да работите многу поефикасно.

SEIKETSU – контрола
Многу е важно секогаш два пати да го проконтролирате она што сте го сработиле. Можеби ќе изгубите некоја минута повеќе, но ќе бидете сигурни дека работата сте а завршиле како што треба. На овој начин ќе постигнете подобри резултати, а квалитетот на сè што сте сработиле ќе биде на многу повисоко ниво.

SHITSUKE – дисциплина
Последното С преставува дисциплина, односно тренинг со кој се учат сите вработени како да се придржуваат до сите наведени правила. На овој начин се создаваат работни навики во колективот на која основа вработените работат како единствен тим.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем Поставете граници и немојте да ги прескокнувате паузите за ручек – што да правит...
„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg