10 работи кои не треба да ги кажете на разговор за работа

10-raboti-koi-ne-treba-da-gi-kazete-na-razgovor-za-rabota-povekjeБидејќи денес е тешко да обезбедите разговор за работа, уште поважно е ако ве повикаат на разговор тоа време да го искористите што е можно подобро.

 

Британскиот стручњак Ричард Нот, директор на сајт за барање работа, смета дека во секој случај треба да се избегнуваат разговори на тема политика и религија.
 
1. „Извинете, малку доцнам“
Точноста е нешто што се подразбира.

2. „Каква е вашата политика кога се во прашање одморот и боледувањето?“
И пред да започнете да работите, вие веќе мислите за отсуствување од работа.

3. „Извинете, само да се јавам“
Исклучете го мобилниот телефон пред да влезете на разговор.

4. Ако ве прашаат „Каде се гледате себеси за пет години, на пример?“, немојте никогаш да кажете „да ја работам вашата работа“.
Иако тоа може да изгледа како оригинален одговор, Нот вели дека кандидатот на ова прашање би требало да зборува за искуството кое што сака да го стекне во компанијата, а не себеси да се преставува како закана за другите работни места.

10-raboti-koi-ne-treba-da-gi-kazete-na-razgovor-za-rabota

5. „Мојот претходен претпоставен беше лош“
Ако зборувате лошо за бившиот работодавец не само што е непрофесионално, туку го покажува и вашиот карактер.

6. „Вие правите налепници? А јас мислев дека правите виџети“.
Пред да одите на разговор, детално запознајте се со што се знаимава компанијата каде што конкурирате.

7. „По ѓаволите!“ Никогаш не пцујте на разговор за работа.
Внимавајте да не ви се испушти некоја пцовка, дури и ако вашите соговорници пред вас си дозволуваат слободно да се изразуваат.

8. Не користете жаргон или скратеници од областа на вашето претходно вработување.
Наместо тоа, бидете прецизни и јасни кога опишувате што сте работеле на претходното работно место.

9. „Навистина морам да ја носам оваа униформа?“
Било каква неумесна забелешка на сметка на новата униформа на вработените е голем минус.

10. Ако ве запрашаат „Што очекувате, што ви е најпривлечно кога станува збор за работното место за кое конкурирате?“, одговорот никогаш не треба да се однесува на заработувачката, наградите, паузата за ручек. Идните колеги или одморот.

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg