Граници кои шефот не смее да ги помине

granici-koi-sefot-ne-smee-da-gi-pomine-povekjeПостојат најмалку пет сценарија кои преставуваат граница помеѓу професионалноста и неприфатливото однесување. Ако вашиот шеф направил една или...


...повеќе работи од оваа листа, време е да проговорите и да заземете став.

1. Вашиот шеф ве опоменал пред колегите
Тоа е облик на злоупотреба и насилство која никогаш не е прифатлива. Иако можеби сте направиле грешка која заслужува за неа да се расправа, добриот шеф тоа ќе го направи со вас во четири очи.

2. Шефот ја дискутирал вашата плата пред другите вработени
Вашата плата е приватна и доверлива информација, а останатите вработени не мораат да знаат колку сте платени. Без разлика дали ќе рече „дали не ве плаќам доволно?“ или „премногу ве плаќам“, се работи за коментари кои што може да доведат до незадоволство помеѓу колегите. 

granici-koi-sefot-ne-smee-da-gi-pomine

3.  Има неразумни очекувања
Ова е лизгав терен бидејќи не е секогаш лесно недвосмислено да се утврди дали очекувањата на шефот биле неправедни или нереални. 

4. Дели со вас премногу приватни податоци
Вие сте работник, а не терапевт и шефот не би требало со вас да ги дели приватните проблеми или детали за својот живот, дури и ако се сметате за пријатели. Ако разговорот редовно ви се движи во таа насока, бидете кратки во своите одговори, а потоа сменете ја темата на разговор и вратете и се на работата. 

5. Има непримерни забелешки
Секој коментар на шефот поради кој би се вцрвиле, би почнале да трепкате или би се згрозиле е оној кој не требало да го изговори. Тоа вклучува вицови, шеговити и-мејлови, или коментари за вашиот физички изглед. 

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg