Предности и недостатоци при работењето во големи компании

prednosti-i-nedostatoci-pri-rabotenjeto-vo-golemi-kompanii-povekjeРаботата во големи компании за многумина е најголема желба. Но, дури и ако ги исполнувате бројните услови кои ги бараат големите компании, немојте да...


...заборавите дека со редовниот личен доход и можноста за усовршување доаѓаат и бројни откажувања и стресни ситуации.

Резултатите на работењето не може да се зголемуваат ако задоволството при работата се намалува. Само вработениот кој е мотивиран и задоволен со својата работа и положба во претпријатието може квалитетно и успешно да ја извршува доверената работа со истовремено остварување на организационите и индивидуалните цели.

prednosti-i-nedostatoci-pri-rabotenjeto-vo-golemi-kompanii

Покрај стручните квалификации, кои што зависат од соодветната позиција, најмногу се вреднуваат дополнителните вештини и особини како што се флексибилноста, тимскиот пристап кон работата, познавањето на компјутерската технологија, активното познавање на англискиот јазик, како и сите дополнителни лиценци и сертификати кои ги поседува кандидатот.

Ова е краток осврт на недостатоците и предностите од работењето во голема компанија.

Недостатоци

  • Работно оптоварување
  • Чувство на безвредност
  • Честа неможност за изразување на креативноста
  • Подолго задржување на работа
  • Вршење туѓа работа
  • Појава на мобинг

 Предности

  • Сигурни приходи
  • Исполнување на законската обврска кон вработениот
  • Можност за напредување
  • Можност за усовршување
  • Материјални и нематеријални стимулации

Со оглед на актуелните тенденции во кои современите услови на работење ги карактеризираат се побрзи и потурбулентни промени, основниот облик на конкурентска борба помеѓу компаниите сега е натпреварување за креативни стручњаци, докажани лидери, но се повеќе за млади, талентирани и образувани луѓе.

Тоа е шанса и можност да им се подобрат условите на вработените бидејќи компаниите сфаќаат дека факторот на успех се луѓето, нивниот развој, можности и мотивацијата, односно нивното работно задоволство.

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg