Ако сте вакви, колегите ве мразат

Тешките соработници можат и тоа како да ви ја нарушат рамнотежата на работното место, но и надвор од него. Станува збор за луѓе кои се одликуваат со цела низа иритирачки карактеристики поради кои во најмала рака не се омилени помеѓу колегите.

ako-ste-vakvi-kolegite-ve-mrazat

Дали можеби и вие имате некои од тие карактеристики?

Неуредни колеги

Како изгледа вашиот работен ден? Дали е полн со смет и куп хартија? Дали воопшто сте го избришале работното биро откако сте истуриле кафе на него? Како стоите со личната хигиена- дали редовно се туширате, бричите, облекувате испеглана облека?

Јас, па јас

Обидете се да се сетите за што сте разговарале со колегите за време на паузата или на пијалак по работа. Дали речиси секоја реченица ви почнувала со „јас“? Никој не сака луѓе кои постојано зборуваат за себе и постојано ги прекинуваат разговорите на другите за да кажат нешто за себе.

Многу добри, многу услужливи

Дали и вие можеби сте личност која постојано клима со главата кога и зборува шефот, но и другите колеги? Дали секогаш сте први со полна уста пофалби за шефот? Дали насекаде го фалите? Ја користите ли секоја можност за да му се насмеете и да поразговарате со него?

Душкала

Постојат личности кои постојано „душкаат“ околу себе. Тоа се оние луѓе кои ви приоѓаат од зад грб додека разговарате со некој други почнуваат да ве испрашуваат – кој, што, како, каде – иако тоа нема никаква врска со нив.

Непристојност

На прв поглед непристојните личности може да делуваат шармантно, но со време нивната непристојност почнува да иритира. Зборуваме за личности кои без проблем ќе земат парче храна од вашата маса без прашање или кои ќе послужуваат со колачите од вашата фиока.

Дали можеби се препознавте некаде, или препознавте некого од вашето опкружување?

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg