4 начини да ја сочувате смиреноста на работа

Најтешкиот дел од работата е да се сочувате од стресот под притисок на напорниот шеф, ограниченото време и исцрпувачките обврски.

4-nacini-da-ja-socuvate-smirenosta-na-rabota

Немојте да очајувате. Еве неколку корисни совети кои може да ви помогнат да ја сочувате смиреноста и така да станете многу попродуктивни.

1) Намалете го бројот на испиени кафиња

Кофеинот го стимулира адреналинот создавајќи илузија дека сме постигнале нешто затоа што брзаме. Заменете ја оваа нервозна навика со протеински грицки, како што се бадемите. Така на најдобар можен начин ќе ја избалансирате енергијата и расположението кога сте под стрес.

2) Побарајте да се направат приоритети

Шефовите обично немаат претстава за ангажираноста на поедини работници. Затоа е најдобро на претпоставениот да му дадете листа на задачи и обврски за да ви каже што е итно, а што не мора веднаш да се сработи.

Ако пак од вас побара да направите уште една дополнителна работа, немојте да одбиете. Објаснете дека во тој случај ќе мора проектот на кој што работите да го одложите за некое време и задолжително прашајте дали е тоа во ред.

3) Не ветувајте нешто што не можете да исполните

Кога шефот ќе ве запраша дали е готов проектот, а вие му понудите импресивен рок, најверојатно ќе „изгорите“ обидувајќи се да завршите во договореното време. Затоа секогаш дуплирајте го времето за кое реално би го завршиле проектот. Работата најверојатно ќе ја завршите порано, а ќе имате време и за корекции.

4) Никогаш не го повишувајте гласот

Ова е најголемата грешка и показател дека сте под притисок. Обидете се секогаш да одржувате неутрален тон, па се што ќе изговорите ќе звучи контролирано и смирено. Важно е да го исфрлите „јас“ од реченицата, па така се што ќе кажете ќе биде објективно.

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg