Работите ВО или ЗА компанијата

rabotite-vo-ili-za-kompanijata-povekjeНајголем број од вработените секој ден се појавуваат на работа, а по напорниот работен ден си одат дома и се трудат да блокираат од меморијата се што...

 

...правеле на работа.

И така секој ден, секој месец и на крајот среќни или помалку среќни си ја земаат платата.

Секако, за време на рецесијата, компаниите сакаат да ги задржат оние вработени rabotite-vo-ili-za-kompanijataкои не само што работат ВО компанијата, туку работат и ЗА компанијата и се трудат таа да оствари профит и да ги задржи клиентите.

Затоа, секој од нас се има запрашано - работиме за компанијата или само во неа: Голема е разликата помеѓу овие два начини на гледање на работите.

Оние кои имаат свој бизнис најдобро го разбираат работењето за компанијата бидејќи ја чувствуваат како “свое дете“. Многу директори на компании се чувствуваат исто така.

Ако сте вработени во компанија каде сакате да напредувате, морате да се однесувате како да станува збор за ваша компанија.

Кога ќе почнете да се однесувате вака, ќе забележите дека се издвојувате од останатите вработени кои рутински ги извршуваат обврските.

Тие можеби доаѓаат на работа секогаш на време, но веќе 10 минути пред крајот на работното време постојано гледаат на часовникот. Секако тука се и оние кои мислат “Не ме плаќаат доволно за да се трудам дополнително“.

Оние кои работат за компанијата имаат многу поголеми шанси да останат во неа и да напредуваат. Па, одлучете сами дали ќе работите ВО или ЗА компанијата.

Би можело да ве интересира:

„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg