Зошто „Сам свој шеф“?

zosto-da-bidete-sam-svoj-sef-povekjeАко еден ден сакате да бидете сам свој шеф, тоа не мора да остане само сон. Со темелна подготовка и малку истражување ќе сфатите дека тоа не е...

 

...невозможна мисија. Ова се само некои од причините зошто е добро да се биде сам свој шеф.

1. Сами сте одговорни за своите приходи

Само небото ви е граница за разлика од дефинираната  плата во фирмата каде работите. На почеток, најверојатно нема да заработувате колку што сте замислиле и навикнале, затоа што ќе треба самостојно да издвоите за пензиско осигурување и останати давачки, но голема предност е што вашата плата не е зависна од работодавец.

zosto-da-bidete-sam-svoj-sef

2. Имате креативна контрола

Сами донесувате одлуки и никој не ви дава задачи. Ова е предност бидејќи многу луѓе се досадуваат на работа и не ги искористуваат своите потенцијали.

3. Сами сте одговорни за својот успех

Ова е отежнувачка околност, но и голема предност. Целиот терет на успех или неуспех е на ваш грб. Кога работите за фирма – придонесувате во заедничките резултати. Кога ќе започнете да работите за себе ќе сфатите колку вреди вашата работа.

4. Сами си го бирате работното време

Најдобро се познавате себе си и знаете кога сте најпродуктивни. Може да работите цела ноќ, а денот да го преспиете.

5. Ќе добиете нови предизвици

Секој ден ќе ви биде нов предизвик, без ограничување и ќе уживате во она што го правите.

6. Не може да бидете отпуштени

Може да се предомислите или да го пренасочите фокусот кон нешто што повеќе ви лежи, но нема да стравувате од отказ ако доцните со работата.

Би можело да ве интересира:

„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg