Досадно ви е на работа?

sto-koga-vi-e-dosadno-na-rabota-povekjeЗа некои фирми летото е ударна сезона, но кај поголем дел од нив работата овој период се намалува. Веројатно деновиве сте се затекнале како седите...

 

...пред компјутер без да правите нешто корисно.

Како да ви помине времето без да ја нарушите работната етика играјќи игри на компјутер?

sto-koga-vi-e-dosadno-na-rabota

1. Обидете се да се заинтересирате што работат колегите и дали им е потребна ваша помош за нешто. Ќе се зближите со колеги, а може и ќе направите нешто корисно.

2. Организирајте и исчистете си го бирото и фиоките. Олеснете си ја работата така што ќе си ги средите сите листови наоколу.

3. Истражете го пазарот на работни места. И да ви се допаѓа вашата работа, треба да бидете во тек колкава е потребата од вашата професија и во што да се усовршувате.

4. Поставете си цели за периодот по летото и начини како да си ја зголемите продуктивноста.

5. Пронајдете он-лајн курсеви за вашата струка или литература која ќе ви помогне да се надоградите.

6. Прочистете го Inbox-от. Избришете ги старите мејлови, организирајте ги по фолдери, средете ги старите документи. Вака ем ќе ви помине времето, ем ќе си ја олесните работата за понатаму.

7. Реорганизирајте си ги сопствените финансии. Направете си табела на месечни приходи, трошоци, размислете за штедење и можности за дополнителна заработка.

8. Земете 1 или 2 слободни дена. Остатокот искористете ги за годишниот одмор.

Додека да се свртите – летото ќе помине!

Би можело да ве интересира:

Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Искрени исповеди: По што ќе познаете лош шеф? „Редовно заглавување прекувремено и гледање на тоа како да е нешто нормално. Не,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg