Вежбајте храброст: 4 начини како да бидете похрабри

Постојат многу карактеристики што можат да се наведат во листата на потребни квалитети за добар претприемач, но најважната карактеристика со која располагаат сите претприемачи е дека тие се бестрашни суштества. Претприемништвото е уникатно патување, а претприемачот прво скокнува од карпата, а потоа гради авион. Не можете да бидете родени претприемачи, можете да станете претприемачи. Дали ја имате потребната храброст за да скокнете од карпата?

vezbajte-hrabrost-4-nacini-kako-da-bidete-pohrabri-001.jpg

Никогаш нема да дознаете колку сте силни и храбри сѐ додека еден ден не се соочите со невозможното и храброста е единствената опција која ја имате. За среќа храброста е како мускул, па можете да вежбате колку сакате.

Прашањето е колку вие сте подготвени за акција?

Соочете со стравот од неуспех

Причината поради која се плашите дека нема да успеете е бидејќи никој не го прославува својот неуспех. Неуспехот е невидлив. Но, можеби токму тоа претставува погрешен концепт кој слепо го следите. Зошто да не го прославите својот неуспех, па тоа значи дека сте само чекор поблиску до вашиот грандиозен успех. Прославете го секој обид за остварување на вашите сништа и ќе забележите колку брзо ќе се искачите на скалата на успехот.

Вашиот ум е вашето најмоќно оружје

Дали знаете дека можете многу да научите од спортската психологија. Најуспешните спортисти ќе ви раскажат за моќта на вашиот ум и вашата способност за визуализација. Тие го визуализираат својот успех, тие визуализираат како ја удираат топката, како тренираат, како заздравуваат после повреда, како го остваруваат својот најголем успех во животот.

Зошто вашиот мозок би функционирал различно? Дали мислите дека спортистите не се нервозни и анксиозни? Тие го тренираат своето, но го тренираат и својот ум.

Поставете граници

Понекогаш потребна е огромна храброст да кажете НЕ. Способноста на поставување граници и принципи ќе ви помогне да го извежбате мускулот на храброста. Само замислите ги сите ситуации и разговори во кои сте биле дел и кога се чувствувале обврзани да кажете ДА, иако знаете дека всушност одговорот е НЕ. Ова е вашата шанса да бидете храбри, повлечете линија и ни најмалку не чувствувајте грижа на совест.

Бидете автентични

За да бидете свои и автентични, најпрво треба да направите една самоанализа при која подобро ќе се разберете самите себе и ќе сфатите зошто ги правите работите на начинот на кој ги правите и како се чувствувате во врска со вашите одлуки. Зошто сакате да бидете претприемач?

Ако вашиот одговор е бидејќи сакате да имате работна слобода и вие да го правите распоредот, треба да знаете дека дека се пријавувате за работа исполнета со напорна работа, борба, стрес и страв. Ако сѐ што сакате е само слобода, тогаш подобро е да пронајдете работа која ќе ви ја овозможи флексибилноста, без дополнителниот стрес.

Доколку навистина сакате да бидете претприемач, треба да се запрашате дали сте доволно храбри? Ако вашиот одговор е ДА, подгответе се за најзастрашувачкото и највозбудливото патување, кое на крајот ќе ви донесе голема награда и задоволство.

Б. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg