Земањето слободни денови од работа прави да живеете подолго

Дали постојано сте фокусирани на работата и некако како никогаш да немате време за долг и убав одмор?

zemanjeto-slobodni-denovi-od-rabota-pravi-da-ziveete-podolgo-01.jpg

Во истражување кое траеше 40 години истражувачите дојдоа до заклучок дека земањето слободни денови од работа прави да живеете подолго.

Според резултатите луѓето кои користат помалку од 3 седмици одмор во годината имаат три пати поголема шанса да починат млади, отколку тие што користат повеќе.

Се разбира, вежбањето и здравиот начин на исхрана се незаменлив фактор, но и отсуството од работа е клучно за ослободување од стресот и продолжување на животот.

zemanjeto-slobodni-denovi-od-rabota-pravi-da-ziveete-podolgo-02.jpeg

„Не смеете да мислите дека со здравиот начин на живот компензирате за тоа што работите премногу и не одморате за празниците“, вели професорот Тимо Страндберг од Универзитетот во Хелсинки. „Одморите се незаменлив начин за ослободување од стресот“, додава тој.

Во истражувањето, кое почнало во 70-тите години на минатиот век, учествувале 1.222 средовечни мажи и предвид биле земени сите фактори како ризик од срцеви заболувања, висок крвен притисок, зголемена тежина итн.

Интензивниот начин на живот и динамичното работно темпо прават луѓето сè помалку да ги користат слободните денови, па аналогно со тоа да не се ослободуваат од стресот во секојдневието и живеат пократко, заклучија истражувачите.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg