Што да (не) правите кога ќе ве избркаат од работа?

Како што добивањето работно место ги исполнува луѓето со среќа и радост, отказот може сосема да ги растажи и депримира. Меѓутоа, дури и ваквото искуство е важна лекција.

shto-da-ne-pravite-koga-kje-ve-izbrkaat-od-rabota-1.png

Ниту еден вработен не сака да биде отпуштен од позицијата која е негов извор за егзистенција, или, пак, извршувањето на обврските му причинува лична сатисфакција. Заслужено или незаслужено, неретко се случува.

Луѓето обично се чувствуваат поразени, обесхрабрени и понижени во таквите мигови. За среќа, не постои ограничен број на работни места кои една личност може да ги промени во животот, па на отпуштањето не треба да се гледа како на крај, туку како на нов почеток.

shto-da-ne-pravite-koga-kje-ve-izbrkaat-od-rabota-2.png

Кои лекции може да ги научите во новонастанатата ситуација? Еве што да (не) правите кога ќе ве избркаат од работа:

1. Време е за промени.

Егото ви е разнишано и го губите чувството за сопствената вредност. Затоа е и време да ги промените нештата. Да откриете со што навистина сакате да се занимавате во иднина. И, дадете сѐ од себе - тоа и да ви се оствари.

shto-da-ne-pravite-koga-kje-ve-izbrkaat-od-rabota-3.jpg

2. Посветете се на себе.

Ова е идеална ситуација да поработите на себеси, на односите со другите луѓе и квалитетот на вашиот живот генерално. Почнете одново. Надградете се како личност и размислете добро што ве прави среќни.

shto-da-ne-pravite-koga-kje-ve-izbrkaat-od-rabota-4.jpg

3. Имате право на пауза.

Ако финансиската состојба ви го дозволува тоа, направете пауза на одредено време, како би ги разбистриле мислите и наполниле енергија за нови победи.

shto-da-ne-pravite-koga-kje-ve-izbrkaat-od-rabota-5.jpg

4. Не бидете огорчени.

Нормално е да сте лути и разочарани. Не е лесно да се остане позитивен по добивањето отказ. Сепак – потрудете се да го согледате како нужна промена за ваш напредок. Не се труете со негативни емоции и бес кон работодавачот. Тргнете напред и не вртете се назад.

shto-da-ne-pravite-koga-kje-ve-izbrkaat-od-rabota-6.jpg

5. Не е крај на светот.

Напротив. Отказот е само уште еден нов почеток. Нека не ве оптоварува мислењето на околината. Илјадници луѓе секојдневно се соочуваат со истото. Животот е полн со подеми и падови. После доживеаниот пад, концентрирајте се на што повисок подем. Изненадете се како себеси, така и другите.

shto-da-ne-pravite-koga-kje-ve-izbrkaat-od-rabota-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg