Рамнотежата помеѓу работата и љубовта е невозможна мисија...или сепак не?

Како вашата кариера да не ви ја уништува врската со личноста што ја сакате? Не мора да бирате помеѓу љубовта и кариерата, треба да научите да ги балансирате овие две работи. 

ramnotezata-pomegu-rabotata-i-ljubovta-e-nevozmozna-misija-ili-sepak-ne-1.jpg

Понекогаш истото се чини невозможно. За да ги избегнете ситуациите во кои ќе страда вашата врска со личноста што ја сакате, поради работата или одговорностите што ги имате, треба да поставите некои граници и да се држите кон нив.

Но исто така, треба да ги намалите очекувањата и да си дадете пет минути секој ден, или секоја недела, да размислите за тоа што мора да се направи во текот на денот, а што може да почека.

ramnotezata-pomegu-rabotata-i-ljubovta-e-nevozmozna-misija-ili-sepak-ne-002.jpg

Ако сте во врска или брак треба да бидете свесни дека љубовта не може да живее самостојно, и дека за успешна врска се потребни двајца.

Пронајдете начини да одржувате блискост и да ја сочувате љубовта, без оглед на новите обврски.

Еве што може да ви помогне:

Поставете граници на работа

Научeте едноставно да кажете „не“, кога е потребно. Ако не можете да сработите нешто, ако не можете да останете прекувремено, кажете го тоа.

Доколку сепак мора да останете подолго на работа, ветете си дека ќе се вратите дома во разумен временски период, дури и ако не сте во состојба да го правите тоа секој ден, настојувајте да се придржувате кон тој принцип.

Ограничете го времето поминато на одговарање на повици или пораки

Повеќето работи не се толку итни за да мора веднаш да одговорите. За време на работното време не одговарајте на приватните пораки и не губете време на социјалните мрежи.

Кога ќе се вратите дома, најдете време за себе и за вашиот партнер. Исклучете ги известувањата на вашиот телефон и само бидете заедно.

Ramnotezata pomegu rabotata i ljubovta e nevozmozna misija ili sepak ne 02

Закажете ги состаноците

Ако сте и двајцата во метеж на работа, не е лошо да се организирате за да излезете на кафе или вечера, еднаш на секои две недели.

Подарете си десетина минути внимание секој ден

Ова може да биде во вечерните часови, кога ќе се вратите дома од работа, или кога одите во кревет. Не дозволувајте стресот да ве оддалечи од личноста што ја сакате.

Можеби нема да може да ви помогне да го решите проблемот во фирмата, но ќе може да ве ислуша.

Ramnotezata pomegu rabotata i ljubovta e nevozmozna misija ili sepak ne 03

Бакнежот и прегратката значат многу

Пред да одите на работа, немојте само вербално да се поздравувате. Бакнете се, прегрнете се. Тоа е добар начин да го започнете денот, потсетувајќи се меѓу себе колку многу се сакате, што и да се случи.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg