Зошто работењето од дома е постресно отколку што мислиме?

Иако многу луѓе сметаат дека работата од дома е одлична за постигнување рамнотежа помеѓу деловниот и приватниот живот, тоа не мора секогаш да биде вистина. Многу луѓе кои работат од дома се под постојан стрес.

Zosto rabotata od doma e poveke stresna otkolku sto mislime 01

Независно дали сте почнале со работа од дома за време на пандемија или и претходно сте си работеле од дома, кога работите од дома, немате фиксно работно време и станувате и легнувате кога сакате, поради што денот не ви е однапред дефиниран.

Сепак, се чини дека најголемиот проблем е прекумерната употреба на паметните телефони и лаптопи, односно постојаната достапност, така што стресот можеме да го почувствуваме од каде и да работиме.

Еве зошто работата од дома може да биде многу постресна отколку што мислиме:

Недостаток на структура

Иако сами ги бирате условите за работа и имате одредена слобода, понекогаш истата може да стане проблем. Во домашна атмосфера неопходна е дисциплината.

Понекогаш е тешко да им се објасни на членовите на семејството дека работите и дека ви треба мир, а понекогаш и социјалните мрежи го прават своето, па го губите фокусот.

Внимание

Луѓето што знаат дека работите од дома понекогаш мислат дека можат да ви се јават во секое време, бидејќи немате фиксно работно време. Понекогаш се толку упорни што дури и понатамошните појаснувања не помагаат.

Важно е да се запамети дека ова се часови, а не минути што треба да се пополнат. Континуираните паузи никогаш не даваат резултати.

Поставување граници

Работењето од дома бара одлична организација и распределба на времето. Не е лесно да се повлече линијата помеѓу работата и слободното време. Важно е да разговарате со најблиските, но и сами да си ги знаете границите.

Ако имате деца, тогаш ситуацијата е уште потешка.

Zosto rabotata od doma e poveke stresna otkolku sto mislime 02

Изолација

Индивидуалната работа може да биде меч со две острици. Причината е едноставна - затоа што вашиот фокус е на работата и семејството, потребна ви е дополнителна мотивација за да излезете, а од друга страна, не треба цел ден да ги слушате колегите.

Честопати прибегнувате кон социјалните мрежи за да бидете во тек, но ова не може да го замени излегувањето на прошетка или во нормални услови, гледањето со најблиските личности. Ова сценарио често води до чувство на осаменост.

И, што сега?

Кога станува збор за организација, обидете се да работите кога сте најпродуктивни (наутро, попладне, навечер) и прво извршете ги најсложените задачи, доколку не сте ограничени со строго работно време.

Негувајте го вашиот социјален живот, опкружувајќи се со група истомисленици кои се во слична ситуација и ги разбираат вашите потреби и одговорности.

Кога ќе немате мотивација, пронајдете начин да се наградите за завршената работа. Научете да кажувате „не“ кога е потребно.   

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg