Како да одговорите на најчестите прашања на интервју за работа за да оставите добар впечаток?

Кога ќе ви речат да кажете нешто повеќе за себе, избегнувајте премногу лични информации како ваши хобија. Наместо тоа, фокусирајте се на професионалното искуство и одликите што би биле корисни на новото работно место.

kako-da-odgovorite-na-najchestite-prashanja-na-intervju-za-rabota-za-da-ostavite-dobar-vpechatok-01.jpg

Интервјуата за работа можат да бидат навистина стресни бидејќи, сепак, од нив може да зависи вашата иднина.

Покрај вашите квалификации и искуство, постојат и други фактори кои влијаат врз тоа дали ќе му се допаднете на работодавачот, па важно добро да се подготвите пред интервјуто.

Бидејќи личноста што ве интервјуира најверојатно не ве познава, ќе ви постави разни прашања со цел подобро да ве запознае и да утврди дали сте погодни за слободната позиција.

Не можете да знаете кои прашања ќе ви бидат поставени, но постојат неколку што се повторуваат скоро секогаш.

Во продолжение кои одговори би можеле да бидат добри за овие прашања:

„Кажи им нешто повеќе за себе“

Во овој случај немојте да споделувате премногу лични информации за себе, како вашите хобија.

Работодавачот не е заинтересиран за вашиот приватен живот, туку за тоа дали би се вклопиле во работната околина.

Затоа, споделете информација што би бил корисна во тој случај. На пример, можете да кажете дека сакате да работите во тим поради искуството од претходната работа, доколку новото работно место го бара тоа.

kako-da-odgovorite-na-najchestite-prashanja-na-intervju-za-rabota-za-da-ostavite-dobar-vpechatok-02.jpg

„Колкава плата очекуваш?“

Најдобро не кажувајте конкретна сума, а истовремено не прашувајте колкава плата нуди работодавачот.

За ова прашање најдобро е да се подготвите однапред – направете истражување и споредете ги платите за слични позиции. Потоа можете да кажете некој интервал, односно од колку до колку пари би сакале.

Со ова ќе покажете дека ја знаете вредноста на вашата работа, но и дека можете да бидете флексибилни.

„Која е твојата најголема слабост?“

Никако немојте да кажете некоја позитивна одлика маскирана како слабост, како „Многу се фокусирам на ситници“. Исто така, би требало да бидете искрени и да не изгледате како личност која не е свесна за своите слабости.

Нема совршен одговор за ова прашање, но добро би било да се фокусирате само на професионалните слабости.

kako-da-odgovorite-na-najchestite-prashanja-na-intervju-za-rabota-za-da-ostavite-dobar-vpechatok-03.jpg

„Зошто си заинтересиран/а за оваа работа?“

Немојте да кажете дека ја сакате оваа работа бидејќи ви е лошо на сегашното работно место.

Наместо тоа, покажете интерес за компанијата каде што ве интервјуираат и не заборавајте да спомнете кој би бил вашиот придонес.

kako-da-odgovorite-na-najchestite-prashanja-na-intervju-za-rabota-za-da-ostavite-dobar-vpechatok-04.jpg

„Зошто го менуваш работното место?“

Веќе напоменавме дека не е најдобра идеја да се жалите од работно место што сте го напуштиле или планирате да го напуштите.

Наместо тоа, фокусирајте се на иднината. Кажете дека сакате нови предизвици, дека вашите квалитети можат да бидат подобро искористени во новата компанија, дека сакате да учите нови нешта…

„Каде се гледаш за пет години?“

Избегнувајте да одговорите со „Не знам“ и обидете се да бидете објективни.

Со ова прашање, личноста што ве интервјуира сака да дознае нешто повеќе за вашите амбиции, па можете да се фокусирате на тоа.

Кажете во која област би сакале да продолжите да напредувате и спомнете дека би сакале да растете заедно со компанијата.

Генерално, зборувајте за вашите идеи и цели.

kako-da-odgovorite-na-najchestite-prashanja-na-intervju-za-rabota-za-da-ostavite-dobar-vpechatok-05.jpg

„Дали имаш некое прашање?“

Ако поставите некое прашање, ќе покажете интерес за новото работно место и со тоа ќе оставите добар впечаток.

Во овој случај можете да побарате повеќе детали за работното место и вашите обврски или, пак, како ќе се одвива селекцијата на кандидати.

Постојат и неколку прашања кои е најдобро да ги избегнувате на интервјуто за работа, односно да ги оставите за подоцна.

На следната страница погледнете кои прашања е најдобро да ги избегнувате…



Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg