5 навики на екстремно богатите: Една минута доцнење може да ве чини многу скапо

Честопати можеме да ги слушнеме најбогатите луѓе на светот како тврдат дека секојдневните навики диктираат колку ќе бидете (не)успешни во животот.

5-naviki-na-ekstremno-bogatite-01.jpg

Како што често наведуваат, навиките се причина и последица на богатството, сиромаштијата, среќата, тагата, стресот, добрите врски, лошите врски, доброто или лошото здравје.

Сепак, некои од нив ретко ги откриваат своите навики во јавноста. Но, генерално, овие 5 навики важат за секој од нив.

Можеби е добро сите да научиме некоја лекција повеќе:

Избегнувајте одложување на обврските

Една минута доцнење буквално може да уништи месец исполнет со напорна работа и дисциплина. Дисциплината и напорната работа е нешто што ги нагласуваат многу од најуспешните луѓе ширум светот.

Сепак, ретко се зборува за одолговлекувањето (прокрастинацијата) и колку таа може да го забави и одложи напредокот.

Богатите луѓе не ги користат своите пари за да се покажат

Тие ги користат своите пари за да заработат уште повеќе пари. Инвестирањето е едно од главните хоби-активности на успешните луѓе, па често читаме за инвестициите на успешните луѓе, како во нови иновативни бизниси, така и во нови компании на пазарот.

Фокусирајте се на пасивен приход

Заработувањето пари додека спиете е нешто кон што треба постојано да се стремите. За ова честопати зборуваа некои од најбогатите луѓе во светот, како на пример Џеф Безос, кој според американските медиуми заработува и до 150.000 долари дневно секој ден, дури и додека спие.

Никогаш не ги откривајте сите карти и успеси

Продолжете да победувате приватно. Не секој сака да види како успевате. Зачувајте дел од своите тајни и никогаш не покажувајте ги сите адути на виделина.

Вашиот круг на луѓе е вашата нето вредност

Доколку имате пријатели истомисленици, тие ќе ве поттикнат да станете подобри. Тие се оние кои можат да ве „турнат“ кон постигнувањето успех.

Некои од најголемите компании во светот не биле основани самостојно од еден човек, туку од неколку луѓе кои се собрале заеднички, обединети со идеја за успех.

Воедно, колку повеќе луѓе = повеќе контакти = поголем успех.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg