Зошто жените глумат оргазам?

Постојат три типови на оргазми: клиторичен, вагинален и комбиниран. Меѓутоа постои и оној лажниот оргазам, што секоја жена, барем еднаш во животот...

 

...успешно или неупешно го одглумила. Зошто жените глумат оргазам?

Факт е дека не е секој секс подеднакво интересен и добар. Тоа е нормално, и од тоа не треба да се прави огромен проблем. Затоа, кога на жената и е помалку здосаден сексот, таа едноставно го одглумува, го бакнува партнерот како да и било исто така многу забавно како минатите пати до сега.

Истражувањата покажале дека способноста на секоја жена да доживее оргазам, во голема мера зависи од нејзината “генетска подреденост”.

Во таа насока, поголем број на жени потешко доживуваат оргазам, па се плашат тоа да го признаат, а како поедноставно решение го наоѓаат глумењето со цел да ги избегнат прашањата на партнерот врзани на таа тема, или уште полошо, да не се добие впечаток дека партнерот и го скратил најдрагоцениот момент во сексот.

Верувале или не, жените глумат оргазам и кога се брзаат. Најчесто тоа се случува при утринскиот секс, пред заминувањето на работа. За таквите жени, овој секс често претставува само уште една обврска во долгиот список на дневните задачи.

Исто така кога жената е уморна, нерасположена или физички неспособна за акција, но сака да ги задоволи желбите на партнерот, и тогаш сексуалната кулминација ќе биде лажна.

За да можете да познаете кога жените вистински доживуваат оргазам, а кога лажираат, читајте внимателно:zosto-zenite-glumat-orgazam1

1. Забрзан пулс, но не ни дишење, врескање, кубење коси. “Лошите актерки” сметаат дека со бука ќе го уверат партнерот дека доживеале оргазам.

2. Вагиналните мускулни контакции се сигурен знак. Грчењето не мора да биде интезивно, но секогаш се чуствува неколку пати.

3. Температурата на телото по оргазмот е поголема за некој степен. Нормално, нема да и ја мерите температурата со топломер, но нежен допир и прегратка ќе бидат доволни.

4. Веднаш по доживување на оргазамот, брадавиците на дојките зацврснуваат кај 95% од жените.

5. Научниците тврдат дека и зениците во окото се шират, неднаш по сексот.

6. Некои истражувања велат дека и начинот на одот кај жената покажува дали таа доживеала оргазам. Наводно, после вагинален оргазам жените имаат подолг чекор.

Среќно во “ловот” на лошите vs. вистинските играчи во вашиот кревет!

Би можело да ве интересира:

Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg