За сексот треба да знаете...

Сите секогаш мислиме дека знаеме доволно или премногу, но никогаш не е на одмет работите кои ги знаеме да си ги повториме, или пак да научиме нешто...

 

...ново. Овој пат неколку работи кои се значајни за девојките да ги знаат, кога се работи за сексот.

1. Задржување на урината
Жените кои добро го познаваат своето тело знаат дека задржувањето на урината им овозможува поголемо задоволство за време на сексот. Нормално, во положба во која нема преголем притисок на мочниот меур, за да не би дошло до непријатност.

На тој начин оргазмот се зголемува со помош на стегање на вагиналните мускули со цел да се задржи урината. za-seksot-treba-da-znaete1Проблем е тоа што жените сакаат потоа да лежат во кревет и често да заспијат, па затоа би можело да дојде до воспаление. Затоа, најпаметно би ви било да одите во тоалет веднаш по сексот, а вашиот партнер сигурно ќе ве чека во креветот.

2. Мажите по оргазмот се поспани
Кога мажите доживуваат ејакулација стануваат поспани, уморни и не им се прави ништо. Затоа и на спортисти не им се советува да имаат секс пред натпревар.

Тоа не значи дека вашиот партнер е мрзлив и никогаш не го доживувајте тоа така. Тоа само значи дека има сосема нормална телесна ракција, затоа што за време на ејакулација мускулите работат забрзано. Кога ејакулацијата ќе заврши, машкото тело се смирува и почнуваат да се лачат хормоните одговорни за спиење.

3. Понекогаш е добро само да “давате“
Се вели дека сексот е взаемна работа во која нема место за егоизам.
Но, “уживање во уживањето на партнерот“ е понекогаш многу поубаво чувство кое нема да го заборавите. Допуштете му на партнерот задоволство од кое ќе му се заврти во глава, а за возврат не барајте ништо.

Нека ве возбудува фактот дека вие го возбудувате него. Неговиот оргазам нека биде и ваш оргазам.
И не заборавајте дека следниот пат ќе си ги промените улогите па ќе дојде време и вие само да уживате и земате.

4. Сексот се подобрува со годините
Ако се сеќавате на вашите сексуални почетоци, сигурно ви изгледаат депресивно, затоа што за сексот потребно е вежбање и партнер со кој се сложувате и психички. Теоријата дека сексот со годините здосадува е апсолутно неточна, затоа што двјцата партнери треба да бидат свесни дека сексот не е брачна обврска туку уживање.

Би можело да ве интересира:

Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg