Како поднесувате раскинување

kako-podnesuvate-raskinuvanje-povekjeСекое раскинување на врската е тешко. Секој од нас го поднесува на различни начини. Постојат личности кои љубовната разделба ја доживуваат...

 

...лесно, но и оние кои многу тагуваат. Погледнете како вие ја преживувате разделбата.

Овенkako-podnesuvate-raskinuvanje1
Болно ја преживуваат разделбата, иако се трудат да остават впечаток на неодоллив срцекршач. Кога Овенот ќе го снајдат љубовните маки не му е лесно во сопствената кожа. Иако е огнен знак, се чувствува како полиен со вода кога ќе дојде до разделба со партнерот. Бидејќи верува дека во љубовта и војната се е дозволено ,личноста до која му е важно пробува да ја добие на сите начини. Ако во тоа не успее,се врти накај алкохолот,пријателите и роднините.

Бик
Иако делува опуштено, како да нема љубовни проблеми, тешко ја поднесува разделбата со саканата, па и кога некој од нив мора некаде да отпатува. Доколку разделбата е засекогаш, емотивниот Бик ќе се  затвори дома и ќе пати во тишина. Евентуално би можел да разговара со најдобриот пријател кој тешко ќе го мотивира да излизи од затворениот свет. Утеха наоѓа во стиховите на песните кои го потсетуваат на партнерот.

Близнаци
Иако делуваат дека им е сеедно па и љубовната разделба ја преживуваат спортски, во принцип не е единствена на светот - на Близнаците воопшто не им е лесно. Навикнати се сите да ги сакаат,да ги обожаваат и влачат за ракав, па навистина не е јасно зошто се оставени. Ако тоа се случи, на саканата личност ќе и пратат смс-порака, ќе ја побараат на телефон, ќе ја чекаат пред домот, ќе и пишуваат мејлови и ќе разговараат со сите оние кои се во контакт со неа.

Рак
Многу тешко ги доживува разделбите, дури и привременото разделување од партнерот. Во очајот лесно се впуштаат во пиењето и храната, лутаат од кафеана до кафеана и често  без никаков вкус се предаваат во прегратките на личности кои се испод нивното ниво. Но, Ракот не дава значење на тоа, кој што за него зборува бидејќи само мисли на денот кога повторно ќе ја види љубовта на неговиот живот. Сето останато му е неважно па дури и советите од семејството.

Лав
Гордиот Лав пати драматично,отворено,сите мораат да знаат дека емотивно е ранет и сите тагуваат заедно со него.
Тешко му паѓаат разделбите и понекогаш не може да сфати дали е поради неговата повредена суета или скршеното срце. А можеби се двете. Пробува да го сфати партнерот кој до вчера му симнувал ѕвезди, а денес му нанел голема болка.

Девица
Пребирливата ни стрплива Девица не останува осамен, ако дојде до разделба сака да ја знае причината. Во тагата ќе јаде чоколадо и ќе смислува какви пораки да прати до саканата особа. Кога сака да го остави партнерот, ќе го направи тоа да излезе дека таа е оставена, зошто да го комплицира животот кога Девицата е комплицирана и без љубовните патења.

Вагаkako-podnesuvate-raskinuvanje2
Воздржаната  и суетна Вага, како родена глумица, на никој па ни на саканата особа нема  да и даде задоволство да го гледа нејзиното патење и тагување како и нејзиниот срушен свет. Ако е оставена се бори некако да ја преживее љубовната разделба. Пред  другите ќе се смешка и ќе се однесува како таа да го оставила партнерот а не тој неа, додека дома ќе тагува, плаче и ќе ја мириса перницата  на која сеуште се чувствува парфемот од саканата. Вагата сака до болка.

Скорпија
Таа пати како ниеден друг знак, посебно кога е заљубена и кога е оставена од особа која многу ја сака. На многумина ќе им кажува дека е тажна, бидејќи за Скорпијата најтешки се љубовните маки. Ниеден пријател, ниедно кафуле, како ни еден  или неколку пијалоци не можат да и помогнат. Скорпијата најтешко ги поднесува разделбите.

Стрелец
За да го преболи раскинувањето Стрелецот ќе побегне од суровата вистина. Ќе проба некаде да отпатува, а ако тоа не е  можно се упатува во омиленото кафуле или ќе се проведува во градот само за да ги однесе мислите подалеку од саканата.

Јарец
Јарецот е чувствителен знак кој за неговата сакана може да направи се, затоа е чудно кога е оставен бидејќи е многу внимателен. Кога ќе го остави партнерот, мисли дека со него нешто не е во ред и го одмотува филмот наназад за да ги види грешките и што е она кое не му одговарало на партнерот. Со мислите се враќа на старите љубови и често кај него се појавува копнежот за нив. Јарецот сам се теши во неговата болка.

Водолија
Оставена Водолијата бара совет од пријателите за полесно да го преброди ова љубовно искуство. Многу често ја убедува саканата особа да и се врати иако многу пати била одбиена да разговараат за грешките кои се појавиле во нивната врска.

Риби
Рибите се родени да патат. Тагата на нивното лице и во нивниот поглед е поголема од се. Солзите не остануваат сокриени бидејќи на овој начин  ја олеснуваат болката која ја носат. Рибите мислат после разделбата дека светот застанал и затоа им треба подолго време да ја одболуваат љубовта.

Би можело да ве интересира:

Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
Секс поза „редена торта“ која го стимулира клиторисот (18+) Ако сте ја пробале секс-позата „лазања“, тогаш ќе сакате да ја пробате и „редена...
Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg