Најсилните афродизијаци

najsilnite-afrodizijaci-povekjeБадеми, лешници, чоколадо, ф'стаци...секогаш слушате - внимателно тие се афродизијаци. Поимот афродизијак всушност потекнува од името на Афродита...

 

...грчка божица на љубовта и убавината.

Но, кои се тие капки што ги користеле кралевите и султаните за да можеле да имаат секс со повеќе жени? Какви тајни рецепти криеле незаситните сексуални авантурсити?

Јохамбинnajsilnite-afrodizijaci
Екстрат од кората на истоименото дрво што расте во прашуминте на западна Африка. Африканските и индиските гатачи вареле јач од кората од дрвото за да можат под негово дејство да ги вршат обредите со пенис во ерекција.

Под дејство на јохамбинот, целото тело се тресе, се забрзува работата на срцето и се зголемува крвниот притисок, се шират крвните садови во половиот орган. Тој е побогат со крв и доаѓа до ерекција. Како афродизијак е силен и не смее да се зема во поголеми количини, бидејќи може да предизвика мачнина и многу опасно да го забрза срцето.

Дамиана
Грмушесто диво растение што расте во Јужна Америка, на југот на Африка, а и во Калифорнија. Позната е како женски афродизијак. Таа е нервен стимуланс, а нејзиното дејство се споредува со дејството на марихуаната.

Мексиканките подготвувале чај или пак неколку недели ги чувале лисјата во текила, а потоа пијалокот го засладувале со мед. Може да се набави во форма на капсули, тинктура или екстракт.

Многу афродизијаци се наоѓаат и на трпеза. Римјаните, школките ги плаќале со злато во иста тежина. Казанова секое утро доручкувал сурови школки.

Силните зачини, пипер и феферони, во Средна Европа се сметале за машки зачини и поголем јунак бил оној кој поилнно би го зачинил своето јадење. Силните зачини дејствуваат надразливо на мочните патишта.

Муира пуама
Јужноамеричка варијанта на јохимбин, испробана пред откривањето на Америка. Овај афродизијак е од корен и кора на дрво што расте на Амазон. Во германските секс - шопови се продава под името Black Magic. Неговото дејство го зголемува алкохолниот пијалак затоа се меша со вотка. За време на карневалите, оваа мешавина овозможува да се танцува по улиците на Рио де Женеиро.

Гинко Билоба
Јапонска тревка од времето на диносаурусите, жив фосил со кожести ливчиња и плодови како ореви. Во кинеската медицина се користи повеќе од 5000 години. Афродизијачкото дејство на оревите од Гинко се познати во Азија и С.Америка. Како што го зголемува притисокот на крвта во мозокот, Гинко делува и на пенисот. 
Многу животни на кои му се препишува афродизијачко дејство се пред истребување. Еве неколку примери:

Змиската крв
Најдобра од кобра е многу ценет афродизијак на далечниот исток. Сајгонскиот Три Ки ресторан на гостите им нуди коктел од змиска крв. Пред гостинот му носат жива змија ја колат и крвта ја собираат во чаша. Додека животното се витка гостинот ја пие крвта измешана со жесток пијалак. Змиската крв дејствува најдобро кога е свежа.

Рогот од носорогот
Во Азија се цени 50 000 долари по килограм и покрај тоа што тој рог не е вистински, туку израсток од кератин е од истата материја од која се составени ноктите или косата. Единствено што може да упатува дека рогот од носорогот има такво чудесно дејство на машката сила е неговата форма.

Исто е објаснувањето и со мустаќите од тигарот неговите коски или пенисот. Во Тајван и Ј. Кореа шолја супа од тигров пенис чини 350 долар. Оној што очекува дека јадејќи ја супата од тигарот ќе ги добие особините на таа ѕверка и треба да биде спремен токму и како тигарот на полов чин во траење од 15 секунди

Кинезите денеска високо го ценат прашокот од китовиот пенис. Излачувањата од жабата буфо се смета за афродизијак, но во поголема доза е отров.

 

Би можело да ве интересира:

„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Знаци дека сте во врска со партнер кој ве контролира (дури и ако не ви изгледа така), според психија... „Сум имал многу пациенти кои биле во врска со партнер кој ги контролира и, во по...
Секс пози за деновите кога партнерката е под стрес (18+) Постојат секс пози што може да ѝ помогнат на партнерката да се ослободи од стрес...
Ефектот „Мерилин Монро“ е хит на социјалните мрежи – Како ми помогна во љубовниот живот? „Мерилин ти благодарам, ми помогна“ – вели колумнистката Јана Хокинг која редовн...
Знаци дека пријателите (не)свесно имаат лошо влијание врз вашата врска Пријателите кои навлегуваат во лични работи, отворено го критикуваат партнерот и...
Што ја намалува желбата за секс кај жените, а што кај мажите? (18+) Кај жените, сексуалноста главно се одвива во главата. Доколку во мислите и понат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg