Типично за машко

tipicno-za-masko-povekjeМажите дефинитивно поинаку размислуваат и функционираат од жените, па не е ни чудно кога повремено доаѓа до недоразбирање. Ова се неколку...

 

...совети кои ќе ви помогнат да го разберете вашиот партнер и да ги одбегнете непотребните расправии околу неважните работи.

Не инсистирајте да ве гледа во очи

Нешто ве мачи и тоа најдобро е да го поделите со партнерот. Меѓутоа наместо да ве слуша се шета таву-ваму и гледа насекаде освен во вас.

Станувате нервозни бидејќи мислите дека не го интересираат вашите проблеми и тогаш почнува кавгата. Ова е класично сценарио од домот на просечниот пар. Зошто така се однесува? Мажите стануваат нервозни кога во текот на разговорот ги гледате во очи.

Не е дека не ве слуша, но нему му е попријатно да ве слуша кога седи покрај вас или додека оди по станот. Затоа немојте да му префрлате ако не ве гледа во очи, тоа не значи дека не ве слуша.

Не го терајте да зборуваtipicno-za-masko

Немојте да се замарате со партнерот ако не разговара за своите чувства. Тоа не значи дека ги нема, бидејќи не умее да го дели она што го чувствува. Тука се разликувате.

Жените во просек изговараат 25.000 зборови дневно, а мажите 12.000, додека врската во центарот за чувства и центарот за говор во мозокот кај мажите за 40 отсто е помалку развиен за разлика од кај жената.

Поради тоа мажите немаат потреба секоја своја мисла да ја изразат со зборови, туку во говорот се ограничуваат само на она што го сметаат важно.

Не очекувајте секогаш извинување

Сите грешиме, а понекогаш мораме да признаеме дека не сме биле во право. На жената и е битно партнерот да и се извини,но тој често не може да го изговори магичниот збор - извини.

Психолозите тоа го објаснуваат со високото ниво на тестостеронот и улогата која мажите ја имаат во општеството. Тоа не значи дека тие не се свесни за своите грешки, туку жалењето полесно го покажуваат со говорот на телото отколку вербално. Доколку е свесен дека згрешил, вашиот партнер ќе биде понесигурен од вообичаено.

Не го „гњавете„ додека работи

Повеќето жени истовремено можат без проблем да телефонираат, готват и мијат садови, додека мажите, што е научно докажано, можат да се концентрират само на една работа.

Немојте да му пречите додека завршува некоја работа, бидејќи ќе го изнервирате, па може да биде груб. Сфатете дека тој, додека не ја заврши работата, нема да биде спремен да зборува за тоа каде ќе одите за викенд или што ќе му подарите на пријателот за роденден.

Би можело да ве интересира:

14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg