Мали тајни во врската

mali-tajni-vo-vrskata-povekjeДури и луѓето кои се комплетно посветени на врската и се меѓу најискрените и најпристојните личности, сепак имаат по некоја тајна која ја...

 

...чуваат само за себе. Па сепак тоа не би требало да ни пречи, во здравите врски обично станува збор за некоја сосема банална тајна. Што најчесто партнерите кријат еден од друг?

Мажите обично не сакаат нивната партнерка да знае дека и тие се загрижени за mali-tajni-vo-vrskataсвојот физички изглед.

Всушност ако девојка во ресторан нарача минерална вода и салата, тоа е сосема нормално, но ако тоа го стори нејзиниот партнер веќе ситуацијата станува необична.

Иако претежно жените се тие кои се постојано на диета, понекогаш и мажите тешко го поднесуваат фактот дека ги зголемиле килограмите, но за разлика од жените тие тоа не сакаат да си го признаат ни самите на себе, ниту пак на партнерката.

Жените од друга страна пак и немаат толку многу паничен страв од инсекти, но кога ќе здогледаат некоја бубачка во близина тоа е можност да бидат во „опасност“ и при тоа да бидат спасени од партнерот.

Со малку шега на своја сметка, партнерот во тој момент може да биде „витезот на белиот коњ“, иако за да го совлада непријателот му е доволна само една папуча или тврд предмет.

Уште една многу чувствителна тема во врските е љубомората. Обично мажите се многу пољубоморни отколку што сакаат да признаат, па така кога партнерот ќе каже „оди и убаво помини си со другарките“, времето додека се врати партнерката обично го поминува гледајќи на часовникот.

Тоа не значи дека тој не и верува на партнерката, туку едноставно во прашање е машката природа. Впрочем малку љубомара е и добредојдена, може да ја зацрврсти врската меѓу партнерите.

Би можело да ве интересира:

Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg