Писмо за девојката со која го пропатував светот: „Без твоето туркање, никогаш немаше да полетаме“

Во 2015-та година, мојата девојка Ешли и јас, решивме да дадеме отказ од работите „од 9 до 5“ и купивме билети во еден правец од нашиот дом во Денвер до Њујорк и од Њујорк до Париз.

pismo-za-devojkata-so-koja-go-propatuvav-svetot-01.jpg

Следните 114 дена ги поминавме шетајќи низ 15 земји и 38 градови.

Пред да заминеме, бевме во љубов околу 3 години и знаевме да западнеме во рутина. Јадевме ручек гледајќи телевизија, жалејќи се за следниот работен ден. Па, решивме да ја ризикуваме нашата иднина за посреќна сегашност. Тоа беше најдобрата одлука во животот.

Во продолжение, ви го пренесуваме писмото кое дечкото ѝ го напишал на девојката по враќањето, во целосна верзија:

„Моја мила Еш,

Без твоето туркање, никогаш немаше да полетаме.

Секогаш сонуваше за да го пропатуваш светот. Кога почнавме да се гледаме, тоа беше единствената тема за која зборуваше. Ми кажа како не можеш да дочекаш да избегаш од ова мало гратче, како нетрпеливо чекаш да го искусиш животот низ поинакви очи.

pismo-za-devojkata-so-koja-go-propatuvav-svetot-03.png

Кога дипломиравме, сакаше да прославиш со заедничко патување. Ти реков дека имаме нови кариери за започнување и дека ова се нашите први години да се докажеме. Ти реков дека немаме време, ниту пари за да патуваме низ светот и те замолив да почекаме уште малку. Ме послуша.

Се согласивме да се преселиме во Денвер и да започнеме стабилни кариери. Ти ги полнеше младите умови со љубов и букви како учителка во градинка, јас се обидував да ги научам децата за финансиска писменост.

Секоја година на полноќ, како што наздравувавме со евтин шампањ и нежен бакнеж во позадината на новогодишната галама, ме прашуваше дали ќе го пропатувам светот со тебе. Ме прашуваше дали ќе те однесам во некои романтични ќошиња во Прага и интимни острови на Тајланд.

pismo-za-devojkata-so-koja-go-propatuvav-svetot-05.png

Ме прашуваше дали ќе ги поминам ноќите со тебе во Италија и долгите летни денови под сламените чадори на грчките острови. Секоја година ме прашуваше и секоја година ти давав добра причина зошто би требало да почекаме. Ти велев дека треба понапорно да работиме и ни треба искуство. Ти трпеливо ме слушаше.

Една година подоцна, ми беше понудена нова работа, работа од соништата.

Кога дојдов дома со новоста, изгледаше како да сум ти го истиснал целиот воздух од тебе. Можев да забележам дека си скршена. Твоите очи блескаа додека се смееше и ми честиташе и ми ја признаваше целата напорна работа која ја вложував.

pismo-za-devojkata-so-koja-go-propatuvav-svetot-07.png

„Сега можеме да имаме одмори од соништата“ те убедував. Но, и двајцата знаевме дека за тоа што зборувавме со години и она за што сонуваше целиот твој живот, полека ни се лизгаше од рацете.

pismo-za-devojkata-so-koja-go-propatuvav-svetot-02.jpg

Издржав неколку недели на новото работно место и го мразев. Не беше како што замислував и дома се враќав изгубен. Напорно работев со години за да стигнам до оваа точка, но излезе дека тоа не е тоа што сакам да го правам во животот.

Ме седна на каучот, ме погледна во очи и ми рече дека имаш одлична идеја.

pismo-za-devojkata-so-koja-go-propatuvav-svetot-04.png

Бев исплашен да го напуштам комфорот на нашите живот во Денвер, но будењето покрај твојата насмевка секое утро, желбата да истражувам, ме натераа да се помирам дека сè ќе биде во ред. Беше тешко да ја најдам убавината во нашето патување во текот на непроспиените ноќи во жештината на Тоскана и истоштувачките патувања низ џунглите во Тајланд, но соочувајќи се со овие турбуленции заедно, се заљубивме многу подлабоко.

Кога се вративме дома, се плашев дека нема да ја завршам книгата посветена на нашите патувања, се плашев дека нема да најдам издавачка куќа, но ти ме натера да продолжам да пишувам.

Еш, ти си ветерот во моето едро и мастилото во моето пенкало. Без разлика каде одам и што правам, единствената работа во која сакам да бидам сигурен е дека ти ќе бидеш до мене.

pismo-za-devojkata-so-koja-go-propatuvav-svetot-08.png

Секоја карпа од која ќе скокнам, по секоја несреќа, секое утро по будната ноќ поради труење од храна, секое медитеранско зајдисонце, сакам да бидеш покрај мене.

Не сакам никогаш да престанам да истражувам со тебе, Еш.

Дали ќе се омажиш за мене?“

pismo-za-devojkata-so-koja-go-propatuvav-svetot-09.jpg

M. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg