10 најголеми предизвици низ кои поминуваат модерните врски

Сите сакаме љубов и стабилност, но модерните врски се малку поинакви од тоа и може да наидат на несекојдневни пречки и предизвици.

10-najgolemi-predizvici-niz-koi-pominuvaat-modernite-vrski-01.jpg

Секој би сакал да запознае личност со која ќе се сакаат такви какви што се, ќе имаат доволно разбирање и врската ќе заврши со брак и семејство.

Модерниот начин на живот носи и модерни врски - жените и мажите се еднакви, некогаш жените имаат поголеми плати од својот партнер, службени патувања, набиен дневен распоред и сè помаку време за романса.

Во продолжение, погледнете што се може да тргне на лошо и како навреме да реагирате.

Недоверба

Еден од најтешките предизвици е да се стекне довербата на другиот, но и вие да му верувате нему. Денеска технологијата и социјалните мрежи ги прават шансите за неверство доста поголеми од претходно.

Како да се соочите со ова? Најдобро е да не избрзувате со започнување на врската и да се потрудите што подобро да се запознаете со личноста која ве интересира.

Партнерот сака да контролира

И двајцата партнери треба да имаат слободно време за активности со кои се лично засегнати. Затоа, нема потреба ниту да го наметнувате своето мислење и да се обидувате да го промените партнерот, ниту пак треба да премолчите ако тој се обиде да ви го направи тоа вас.

10-najgolemi-predizvici-niz-koi-pominuvaat-modernite-vrski-02.jpg

Недостаток на комуникација

Како и за се друго, така и во љубовта важна е комуникацијата. Иако мислите дека доволно покажувате, потребно е некои нешта да ги искажете со зборови. На секого му годи внимание, па дајте му го на вашиот партнер.

Мешање на љубов и страст

Едно е да сте вљубени, а друго е само да чувствувате привлечност. Затоа, уште на почетокот треба да знаете на што сте и дали односот води кон нешто повеќе, за да можете да правите или да не правите планови за животот со таа личност.

10-najgolemi-predizvici-niz-koi-pominuvaat-modernite-vrski-06.jpg

Не се трудат доволно

Кога еднаш ќе влезете во врска, сосема е погрешно да ја земете здраво за готово и да престанете да го освојувате партнерот. Тоа значи дека веќе сте го добиле она што сте го сакале и дека не треба да се трудите повеќе. Сосема погрешен пристап. Покажете внимание со мали гестови и поминете квалитетно време заедно.

Зависност од технологијата

Иако звучи банално, може да биде вистински предизвик, особено кај младите и неискусни парови, да не се лутат ако партнерот не им одговори веднаш на порака или не им лајкне објава на Фејсбук или Инстаграм.

10-najgolemi-predizvici-niz-koi-pominuvaat-modernite-vrski-05.jpg

Тајно гледање со друга личност

Модерните проблеми во врската некои ги решаваат така што вклучуваат трета личност, тајно од партнерот. Најлошо е што остануваат во сигурноста на постоечката врска, а недостатокот на разбирање и страст го надоместуваат со некој друг.

Страв од врзување

Голем проблем кој често има многу длабоки корени, а се манифестира со страв од помислата со личноста со која се разбудивте утрово, да го поминете целиот живот. Иако теоретски не постојат проблеми, внатрешниот глас кој ви вели дека нема да можете, води до раскинување.

10-najgolemi-predizvici-niz-koi-pominuvaat-modernite-vrski-04.jpg

Финансиски проблеми

Проблеми кои ги има во секое семејство, секоја врска, па дури и во пријателствата. Парите не се најважни на светот, но без нив животот не е возможен. Затоа, или почнете да заработувате и да не зависите од партнерот или пак, договорете се добро и јасно како се поделени заедничките трошоци.

Различни приоритети

Можеби на едниот љубовта му е на прво место, а на другиот кариерата и патувањата. Ова неминовно води до конфликт или до тоа едниот од двајцата да е несреќен.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Не сте привлечни бидејќи сте интелигентни“: Секс експерт е мета на критики за советите за сингл жен... „Најверојатно не сте толку примамливи затоа што сте премногу интелигентни, а нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg