5 работи кои ги намалуваат шансите за неверство

При создавањето семејство, секој сака да биде среќен, а еден од најважните кртериуми за среќата е верноста на партнерите. Сепак, понекогаш и кај најсреќните парови можно е да се поајви сомнеж за неверство.

5-neshta-shto-gi-namaluvaat-shansite-za-neverstvo-01.jpg

Но, според истражување во кое учествувале над 800 парови, постојат некои основни потреби кои доколку се задоволени, значително ги намалуваат шансите за неверство.

Погледнете за кои станува збор:

Потреба за нежност и потреба секс

Факт е дека жените имаат потреба од нежност. Овде станува збор и за поврзаноста, и за љубовта во врската. Најчесто, овие чувства се покажуваат со банежи и прегратки, мали изненадувања, пораки и каков било вид на покажување внимание.

Благодарение на сето ова, жената се чувствува заштитено и задоволно.

Мажите имаат поголема потреба од секс, но жените неретко ги потценуваат овие „нагони“. Според експертите, потребата на мажот за секс и потребата на жената за нежност се поврзани.

Доколку мажот не покажува љубов, мала е веројатноста дека неговата партнерка ќе сака да има секс. Доколку пак жената воопшто не сака да има секс со партнерот, мала е веројатноста дека тој ќе покаже љубов.

Потреба за разговор и потреба за хобија

Жените имаат потреба од разговор и сакаат нивниот партнер да ги ислуша, а понекогаш да им даде и совет. На почетокот од врската, партнерите се запознаваат и разговараат, но на жените им е потребно ова и во бракот.

Имено, според истражувањето, на жените им се потребни околу 15 часа неделно внимание од партнерот. Односно, во просек, околу два часа дневно.

Мажите пак сакаат да уживаат во некое заедничко хоби со нивните партнерки. Многу често жените се одделуваат од партнерот додека тој се забавува со гледање натпревар, одење на риболов и слично.

Во бракот жените им допуштаат на мажите самите да уживаат во нивните хобија, но неретко мажите сакаат да ги вклучат и нивните партнерки. Според мислењето на многу психолози, на мажите им е од голема важност да се релаксираат заедно со својата партнерка.

Потреба за искреност и потреба за атрактивна партнерка

Речиси секоја жена сака искрен партнер на којшто може да му верува. Поради ова, најдобро е мажот секогаш да се обидува да биде искрен кон својата сопруга, дури и за најмалите нешта.

Мажите се визуелни сушества, па важно им е нивната партнерка да ги привлекува. Најчесто нив не им е важна само интелигенцијата или карактерот на партнерката, туку и нејзиниот физички изглед.

Потреба за пари и потреба за удобност во домот

Жените сакаат да имаат доволно пари да ги исплатат сите трошоци со цел да бидат задоволни и мирни. Може да се каже дека речиси никогаш нема доволно пари, но секоја жена знае колку ѝ е доволно за удобен живот.

Мажите сакаат удобен дом. После напорниот ден, на секој маж му е потребно место каде што може да се опушти. Поради ова, и двајцата партнери треба да се обидат да го направат нивниот дом удобно место за живеење.

Потреба за маж кој е добар татко и потреба за восхит

Секоја жена којашто сака да биде мајка сака нејзиниот партнер да биде добар и грижлив татко. Исто така, мажите мораат да преземат одредени обврски кога станува збор за одгледувањето на детето.

Мажите сакаат кога им се восхитуваат. Гордоста им е важна, а добрите комплименти од партнерката секогаш ќе ги мотивираат да бидат подобри личности и да го дадат најдоброто од себе во врската или бракот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg