Психологија на љубовта: 3 причини зошто мажите ги оставаат добрите жени

Речиси и не постои жена на која срцето не ѝ било скршено најмалку еднаш во животот. Раскинувањето е особено болно кога е неочекувано, кога се случува ненадејно.

Zosto-mazite-gi-ostavaat-dobrite-zeni-01.jpg

Мислите дека сè се одвива во најдобар ред. Кроите планови за иднината, имате практично совршена врска… кога одеднаш, целиот свет се урива врз вас.

Партнерот ви раскинува од „нигде никаде“… прашањето е – зошто? Зошто мажите им раскинуваат на добрите девојки без особени проблеми во врската?

Чувствува дека е под притисок и дека не е доволно добар за вас

Дали вие го „бркавте“ него на почетокот? Дали се трудевте секогаш малку повеќе? Дали баравте повеќе внимание, повеќе романтика, повеќе секс? Чувствувате ли дека вие бевте онаа која секогаш настојуваше да ги поправи работите во врската?

Доколку се препознавте во овие неколку категории во вашиот однос владеела нерамнотежа, а партнерот се чувствувал притиснат „во ќош“ и недоволно добар за вас. Но, важно е да знаете–ова не е ваша вина.

Поголемиот дел од мажите не можат да се соочат со емоционалниот притисок. Партнерот смета дека што и да направи, не е и никогаш нема да биде вреден и доволно добар за вас.

Голем дел од мажите радо би се затвориле во себе и би кренале високи ѕидови околу нив, отколку да се соочат со притисокот кој го чувствуваат и да разговараат со партнерката во врска со чувството на недоволност.

Ја чувствува врската како натпревар

Во некои врски партнерите наместо да се надополнуваат се натпреваруваат едни со други. Имаат замислено дека еден мора секогаш да води, да е подобар, да е доминантен, да е победник. На крајот, најмногу страда врската, а ваквата динамика на однесување е карактеристична во следните ситуации:

Дружба со пријателите. Дали пред нив постојано се расправате кој е „во право“?

Финансиски. Кој носи повеќе пари дома? Кој заработува повеќе? Доколку одговорот е жената, како мажот се чувствува во врска со тоа? Дали смета дека неговата машкост е повредена?

Носење одлуки. Без оглед на тоа дали станува за нешто сериозно како купување стан или кој филм да се гледа вечерва, дали вие како жена најчесто ги носевте сите одлуки во врската?

Доколку вашиот партнер ве чувствувал како противник наместо како сојузник, тој едноставно никогаш не се почувствувал комфорно да го отвори своето срце пред вас. Затоа, најлесно е да се прекине врската.

Не се чувствува доволно почитувано

Мажите едноставно не можат да градат живот со жена која не ги почитува. Тој мора да ја чувствува поддршката од партнерката и потребно му е таа да го прифати таков каков што е, дури и во најтешките мигови.

Жената е клучна за успехот на мажот.

Мажот кој сака да го отвори своето срце, (а тоа подразбира и споделување на нежноста и желбата за посериозно обврзување) сака да знае дека е почитуван. Кога ќе биде сигурен во ова, врската дефинитивно не е во опасност. Но, во ситуации кога му се потсмевате, го омаловажувате и едноставно не покажувате доволно почит, тој нема да се колеба да ви каже збогум.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
10 знаци дека треба да престанете да се надевате дека партнерот ќе стапи во брак со вас Вели дека не сте во сериозна врска и никогаш не ви дава конкретен одговор кога г...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg