17 можни причини за намалено задоволство за време на секс

Сексуалната желба што ја чувствувате зависи од многу фактори и може да се менува во зависност од она што ви се случува во животот, a неретко зависи и од физичкото и менталното здравје. 

 17-mozhni-prichini-za-namaleno-zadovolstvo-za-vreme-na-seks-01.jpg

Доколу не уживате во сексот, би требало да размислите за можните причини бидејќи на овој начин полесно ќе го решите проблемот.

Погледнете кои се најчестите причини за намалено задоволство за време на секс:

Брзање

Понекогаш подготвувањето на умот и телото може да биде клучно за уживањето во сексот. Поради ова, важно е да ѝ обрнете внимание и на предиграта.

Предиграта го поттикнува дотокот на крв до гениталиите и ја зголемува можноста за оргазам.

Ментална и емоционална неподготвеност

Од голема важност е и вашиот ум да биде подготвен за секс. Доколку, на пример, се вратите дома од работа вознемирени и преплавени со проблеми, а вашиот партнер иницира секс, големи се шансите да не уживате.

Проблемот може да биде и вашиот однос до партнерот. Доколу помеѓу вас постои проблем кој не го решавате, тоа може да влијае на уживањето и задоволството.

Не сте задоволни од вашиот изглед

Доколку не се чувствувате удобно во својата кожа, нема да се чувствувате удобно и за време на секс.

За вистински да уживате во односот потребно е да се опуштите. Доколку вашата самодоверба е ниска, умот нема да се релаксира и сексуалниот однос нема да ви причинува задоволство.

Неудобност поради минати искуства

Во овој случај може да станува збор за траума или пак мислењето дека имате помалку искуство во споредба со партнерот. Негативните чувства можат да се појават пред, за време на или после сексуалниот однос. Доколку ова е вашиот проблем, најдоброто решение е искрениот разговор со партнерот.

Не се чувствувате удобно со партнерот

Сексот подразбира голема интимност и во многу други сегменти од животот. Доколку не се чувствувате удобно покрај партнерот, голема е веројатноста да не уживате ни во сексот.

Срам ви е од вашите желби

Секој има разни желби и фантазии, а од голема важност е да ги споделите вашите со партнерот. Доколу ви е срам да кажете што сакате а што не, целото искуство може да биде застрашувачко. Самото чувство дека сте несфатени може да направи уште толку да се повлечете во себе.

 17-mozhni-prichini-za-namaleno-zadovolstvo-za-vreme-na-seks-02.jpg

Имате погрешни верувања

Не сè што сте научиле за сексот на училиште или додека сте растеле е точно. Многу е лесно да им поверувате на заблудите и да ги прифатите стереотипите во врска со сексот. Постојат многу погрешни, штетни и лажни информации за сексот што луѓето ги сфаќаат како факти. Пред да донесете заклучок, самите истражувајте.

Употреба на лекови

Неретко антидепресивите ја намалуваат сексуалната желба. Истото важи и за многу други лекови кои обично не би ги поврзале со овој проблем. Најчесто ова се лекарства за крвен притисок, лекови против алергија и слично.

Лековите не влијаат само врз желбата за секс, туку и врз изведбата. Па доколку пиете какви било лекови, прашајте го вашиот лекар за можните несакани дејства.

Здравствени проблеми

Ендометриозата може да предизвика интензивни грчеви на матката и да го направи сексот болно искуство. Ова е една од главните причини за недостаток на задоволство при секс.

Постојат разни причини за болка за време на секс, па доколку забележите нешто вакво, најдобро е да го посетите вашиот лекар.

Уште 8 причини на следната страна...



Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Секс поза „шампањ соба“, соодветна и за во просторија без кревет (18+) Жената ја води динамиката, но и мажот помага. Може да се изведе дури и на столче...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg