5 работи што ги кажуваат мажите пред да ве изневерат

Ако еден од партнерите изневерува, најчесто тоа значи дека нешто не е во ред со врската.

5-raboti-shto-gi-kazhuvaat-mazhite-pred-da-ve-izneverat-001.jpg

Пред воопшто да се случи неверството, постојат некои знаци кои можат да ви служат како предупредување.

Доколку, на пример, слушнете некоја од следниве изјави од вашиот партнер, би требало да бидете внимателни...

„Имам чувство дека повеќе не ме цениш“

Со оваа изјава партнерот открива дека веќе не е толку среќен во врската и дека се чувствува запоставенo. Се разбира, ова не значи дека веднаш ќе ве изневери, но сепак постои можност.

Доколку еден од партнерите се чувствува запоставено, можно е да побара признание или утеха кај некој друг.

Доколку ја слушнете оваа изјава од партнерот, најдобро е отворено да разговарате и да се обидете да ја промените ситуацијата пред да биде предоцна.

„Извини што не ти вратив на пораката. Бев во гужва“

Дури и да има еден куп работа, партнерот би требало да најде неколку секунди да ви врати со кратка порака.

Доколку одеднаш престанал да ви одговара на пораките, ова може да биде знак дека има други приоритети.

Во овој случај, замолете го да разговарате за проблемот и обидете се да ја откриете вистинската причина.

„На работа беше во ред“

Овде не станува збор за значењето на изјавата, туку за краткиот одговор. Доколу партнерот претходно детално ви раскажувал како го поминал работниот ден, краткиот одговор може да биде предупредувачки знак.

Повторно, решението е во отворениот и искрен разговор.

„Ајде да пробаме нешто ново во кревет“

Доколку сексуалниот живот е едноличен, добро е да пробате нешто ново. Но, ова може да значи и дека партнерот не е целосно задоволен од вашиот сексуален живот.

Обидете се да ги разберите неговите желби и пробајте го она што ви е се допаѓа и вам. На овој начин ќе го решите проблемот, ќе ја разгорите страста во врската, а и двајцата ќе бидете задоволни.

„Тоа е за неколку месеци. Не треба да размислуваме за тоа“

Доколку партнерот не сака да разговара за долгорочни планови, можеби не е сигурен дали ќе биде со вас во иднина.

Во овој случај, време е за сериозен разговор каде што ќе откриете дали имате исти планови и цели за вашата иднина.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
„Велосипед“ - Секс поза со која ќе го излудите партнерот (18+) Оваа секс поза е одлична за да го излудите партнерот затоа што му нуди целосен п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg