5 предупредувачки знаци во врската што никогаш не треба да ги игнорирате

Почетокот на секоја врска е вистинско уживање. Многу е лесно да ве заслепат убавите емоции, па неретко ги испуштате предупредувачките знаци. Дури и ако чувствувате дека нешто не е во ред, не ви е грижа бидејќи сте фокусирани на еуфоричните чувства.

 5-predupreduvachki-znaci-vo-vrskata-shto-nikogash-ne-treba-da-gi-ignorirate-01.jpg

Сепак, постојат некои предупредувачки знаци кои покажуваат дека врската нема да успее. Во продолжение погледнете кои се 5-те најчести на кои треба да обрнете внимание.

1. Вашите вредности се многу различни

Вие сакате деца, тој не. Вие сакате брак, тој не ни помислува на тоа. Ова се примери за вредности на кои ретко помислувате во почетната фаза од врската. Сепак, штом ќе забележите дека врската станува сериозна, важно е да разговарате за овие работи. Овие вредности и верувања не се менуваат лесно, па осигурете се дека комуницирате со партнерот. Ако сте целосно некомпатибилни со партнерот, подобро е да го откриете тоа пред да се појават силните емоции.

2. На партнерот не му е грижа за вашите граници

Повеќето луѓе имаат граници и нема ништо лошо во тоа. Тие се начин да ја зачувате вашата безбедност и да имате некаква контрола над животот. Границите се неопходни за безбедна и врска полна со љубов. Кога вашиот партнер не сака да ги разбере и почитува вашите потреби и желби, тогаш не ве почитува ни како личност.

3. Верноста има различно значење за вас

Што ако партнерот смета дека е во ред да се гледа и со некој друг, сè додека не сте емоционално вклучени? Или пак што ако смета дека е во ред да продолжи со емотивните разговори со други, сè додека не изневерува физички? Можеби едниот од вас сака отворена врска, а на другиот никогаш не би му се допаднало тоа. Ова се огромни разлики за кои треба да бидете свесни пред да ви го скршат срцето.

4. Партерот нема работна етика

Доколку партнерот е назад во животот или на површина животот не му изгледа среден, она што е поважно е неговиот став за ситуацијата. Дали е немотивиран и му недостасува мотивација, или причината за стагнацијата е некоја животна пречка? Сите се движиме со различна брзина и тоа е сосема во ред. Но важно е дали партнерот се обидува да се подобри себеси доколку не му се допаѓа сегашната ситуација. Ставот ја прави сета разлика.

5. Извинувањето му оди тешко

Едно од важните нешта во врската е извинувањето. Сите парови се расправаат, а извинувањето е одличен начин да се среди проблемот. Но доколку партнерот никогаш не признава дека погрешил или не сака да се извинува за нешто што направил, тогаш ова може да биде знак за нездрава врска. На некои луѓе им е тешко да ја признаат вината, а ова само ќе ја отежни врската во иднина. Како очекувате да созревате заедно ако едниот не сака да ги признае своите недостатоци?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека имате одличен сексуален живот со партнерот (број 6 е клучен) Сметате дека вашата предигра е подобра од нечиј сексуален чин, постојано комбини...
9 знаци дека партнерот ви е лојален (и може да му верувате) Што е тоа што лојалниот партнер го прави поинаку од другите? Како да препознаете...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg