Зошто постојано се состанувате со мажи што личат на вашиот бивши?


Зошто постојано се состанувате со мажи што личат на вашиот бивши?

Дали на моменти ви се чини дека постојано се „лепите“ на ист тип мажи?

zoshto-postojano-se-sostanuvate-so-mazhi-shto-lichat-na-vashiot-bivshi-01.jpg

Без разлика дали тоа е уметнички настроениот несфатен тип или женкарот што крши срца за забава, дали магично ве привлекува ист тип на мажи?

Дали имањето на одреден тип на маж што ве привлекува е реалност?

Според едно ново истражување на Универзитетот во Торонто – ДА. Повеќето од нас се состануваат со луѓе кои личат на поранешните партнери.

„Луѓето кога завршува една врска и за тоа придонел карактерот на поранешниот партнер одлучуваат да се состануваат со поинаков тип на луѓе, но најчесто тие повторно завршуваат со човек со сличен карактер“, велат истражувачите.

zoshto-postojano-se-sostanuvate-so-mazhi-shto-lichat-na-vashiot-bivshi-02.jpg

Во истражувањето 332 испитаници биле запрашани да ги пронајдат сличностите на поранешните партнери и сегашниот и имало долги листи.

Но, ако постојано ги повторувате љубовните грешки од минатото – не очајувајте.

„Во секоја врска луѓето учат стратегии за справување со карактерот на одредена личност, па така ако сегашниот и бившиот ви се слични, веќе ќе знаете како да се справите со таков карактер и на поефикасен начин да ја започнете новата врска“, тврдат истражувачите.

Ако сте екстровертна личност, тогаш ова може да не важи за вас. Таквите луѓе се поотворени за „нови искуства“, па често бираат партнери со сосема поинаков карактер од бившите.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 мажи откриваат - „Што мразам во сексот?“ „... Следниот пат кога требаше да спиеме, толку ми беше повредена машкоста, што ...
11 знаци дека за вашиот брак сè уште има надеж Понекогаш ви е преку глава од партнер, како постојано како да му давате вештачко...
8 причини зошто мажите се плашат од силни жени Силните жени може прават некои мажи да се чувствуваат несигурно и недоволно „мач...