5 лекции што можете да ги научите од невозвратената љубов

Навистина е болно да љубите некој што не го чувствува истото за вас. Кога постојано живеете со надежта дека еден ден личноста ќе ви ја возврати љубовта, само се измачувате себеси.

5-neshta-shto-mozhete-da-gi-nauchite-od-nevozvratenata-ljubov-03.jpg

Иако невозвратената љубов е болно искуство, од неа можете да научите неколку важни лекции.

Кажувајте ја вистината

Доколку се вљубите во некој што не ви е партнер, најверојатно ќе посакате да го сокриете тоа. Причините можат да бидат разни – можеби таа личност ви пријател и не сакате да го растурате пријателството, а можеби пак ви е страв.

Сепак, како и да е, секогаш е подобро да бидете искрени наместо да се измачувате. Кога ќе ја признаете вашата љубов, или ќе ви биде возвратена, или ќе знаете дека едноставно треба да продолжите понатаму.

Не ги игнорирајте предупредувачките знаци

Предупредувачките знаци се секогаш овде ако сакате да им обрнете внимание. Доколку сте вљубени во партнер кој ве игнорира, ви го заборава роденденот и не ве прави приоритет, тогаш тој не го чувствува истото за вас.

Ова се предупредувачките знаци на кои треба да внимавате за подоцна да не бидете повредени.

5-neshta-shto-mozhete-da-gi-nauchite-od-nevozvratenata-ljubov-01.jpg

Не трошете си го времето

Немојте да го трошите вашето време. Немојте да ги саботирате другите шанси за љубов само затоа што сте се вљубиле. Доколку личноста не ви ја возвраќа љубовта, тогаш не ја заслужува вашата.

Можеби ќе биде болно, но најдоброто нешто што можете да го направите за себе е да си заминете и да ја пронајдете вашата среќа на друго место. Животот е прекраток за да го трошите на погрешни личности.

Ќе се случат и најнезамисливите нешта

Можеби сте мислеле дека никогаш нема да чекате некој да се вљуби во вас. Можеби сте мислеле дека никогаш нема да молите за нечие внимание.

Можеби никогаш не сте мислеле дека и вам ќе ви го скршат срцето. Но, понекогаш реалноста е сурова и овие нешта се случуваат.

5-neshta-shto-mozhete-da-gi-nauchite-od-nevozvratenata-ljubov-02.jpg

Ќе преболите

За среќа, без разлика колку безнадежна ви изгледа ситуацијата, со текот на времето ќе преболите. На крај ќе бидете благодарни за целото искуство и за сите лекции што сте ги научиле.

После невозвратената љубов ќе сфатите дека и вие заслужувате да бидете сакани и нема да се помирите со ништо помалку од тоа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека имате одличен сексуален живот со партнерот (број 6 е клучен) Сметате дека вашата предигра е подобра од нечиј сексуален чин, постојано комбини...
9 знаци дека партнерот ви е лојален (и може да му верувате) Што е тоа што лојалниот партнер го прави поинаку од другите? Како да препознаете...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg