6 знаци дека партнерот повеќе не е заинтересиран за вас, низ илустрации

Дали партнерот избегнува да поминува време со вас, во последно време не ви верува или, пак, не сака да ве прегрне или бакне? Тогаш е време да разговарате за проблемите во вашата врска.

6-znaci-deka-partnerot-povekje-ne-e-zainteresiran-za-vas-niz-ilustracii-01.jpg

Проблемите и несогласувањата во врската се најнормално нешто, но ако траат подолго време и не гледате никаков подобрување, можеби станува збор за нешто посериозно.

Ако забележите неколку од следниве однесувања кај вашиот партнер, добро би било да поразговарате за вашиот однос:

Партнерот покажува незаинтересираност за вашиот живот

Комуникацијата меѓу партнерите е едно од најважните нешта во врската. Вашиот партнер е личноста на којашто можете да ѝ се доверите, да ѝ се пожалите ако сте имале лош ден и, генерално, да разговарате со него за вашето секојдневие.

Но, ако забележите дека партнерот покажува сè помал интерес за деталите од вашиот живот или ви се чини дека не ве ни слуша кога му зборувате, меѓу вас дефинитивно има некој проблем.

6-znaci-deka-partnerot-povekje-ne-e-zainteresiran-za-vas-niz-ilustracii-02.jpg

Недоверба

Нормално е и вие и партнерот некогаш да почувствувате доза љубомора, но ако си верувате, и на двајцата ви е јасно дека нема потреба да се грижите.

Сепак, ако партнерот ви кажува дека не ви верува или прави работи кои ве тераат да мислите на тоа – како проверување на вашиот телефон, па дури и контролирање – нештата во врската не се најдобри.

6-znaci-deka-partnerot-povekje-ne-e-zainteresiran-za-vas-niz-ilustracii-03.jpg

Постојано доцни или ги откажува средбите со вас

На сите ни се случува да задоцниме или да бидеме принудени да одложиме нешто, дури и со саканата личност. Но ако ова се случува постојано, запрашајте се дали можеби има некаков проблем.

Обрнете внимание и на изговорите на партнерот. Во некои периоди можеби навистина е присилен да ви откаже или да задоцни, но ако изговорите немаат смисла, веројатно намерно го прави тоа.

Уште полошо ако не ви дава ни причина за доцнењето или откажувањето.

6-znaci-deka-partnerot-povekje-ne-e-zainteresiran-za-vas-niz-ilustracii-04.jpg

Избегнува прегратки и бакнување

Некои луѓе сакаат повеќе бакнежи и прегратки од нивните партнери, и тоа е сосема нормално. Партнерите можат да направат компромис и секој да го добие она што го сака.

Но, ако партнерот одеднаш целосно избегнува да ве прегрне или да ве бакне, можеби е време за разговор.

6-znaci-deka-partnerot-povekje-ne-e-zainteresiran-za-vas-niz-ilustracii-05.jpg

Не ги зема предвид вашите потреби

Дали партнерот почнува да се однесува себично? Дали воопшто не ги зема предвид вашите потреби со нешта како правење врева додека спиете и слично?

Ако партнерот почнал да се фокусира само на себе и не ни помислува на она што ви треба вам, во врската сигурно постои некаков проблем.

6-znaci-deka-partnerot-povekje-ne-e-zainteresiran-za-vas-niz-ilustracii-06.jpg

Не сака да минува време со вас

Дури и ако сте во сериозна врска, важно е и вие и партнерот да имате свој живот. Нормално е, па дури и потребно, и двајцата да излегувате и да се дружите со други луѓе и да имате свои лични хобија и интереси.

Но сепак, ако партнерот избегнува да поминувате време заедно и секогаш има време за сите освен за вас, време е да преземете нешто и да разговарате за тоа.

6-znaci-deka-partnerot-povekje-ne-e-zainteresiran-za-vas-niz-ilustracii-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg