5 идеи за секс со улоги за почетници (18+)

Ако сте заинтересирани да испробате секс со улоги, тогаш разговарајте прво со вашиот партнер, а потоа ако двајцата се согласувате, користете ја вашата имагинација и бидете креативни.

5-idei-za-seks-so-ulogi-za-pochetnici-01.png

Едно од најголемите разочарувања во врската е разликата помеѓу очекувањата и реалноста, па ако штотуку започнувате со секс со улоги, не очекувајте работите да бидат совршени според планираното, туку бидете со отворен ум и бидете отворени за промени. Како и со сите работи што се нови, праксата ќе го направи искуството поубаво.

На пример, добро е да излезете од „улогата“ и да се смеете заедно бидејќи ништо не тргнало како што сте планирале. Она што е важно е да уживате во обидот да играте улоги и да ги поддржувате потребите на двајцата.

Како да започнете?

Започнете со правење листа „да/не/можеби“ со вашиот партнер, споделувајќи идеи заедно. Тоа е добра можност да бидете искрени и да откриете каде сте усогласени и каде не. Можете исто така да барате инспирација на еротски веб-страници, аудио книги и други платформи.

Можеби немате исти фантазии, па затоа ова е добар начин да разработите што би можело да биде добро прво сценарио за двајцата.

5-idei-za-seks-so-ulogi-za-pochetnici-02.png

Неколку идеи:

Шеф и вработена

Играта со улоги често се потпира на кршење на табуата и создавање динамика на моќ. Затоа, не е изненадувачки кога сексот со улоги засновани на работа се главен елемент во спалната соба.

Но, ако сакате вистински да ги возвишите вибрациите, можеби целосно треба да го оставите креветот и да се обидете да имате секс на маса или биро. 

Вашиот прв пат

Бидејќи за повеќето луѓе, првиот пат можеби бил болен, срамен или неисполнет, забавно е да се копира настанот. Можете да пуштите музика што ве потсетува на годините кога сте ја изгубиле невиноста и обидете се да се потсетите на тоа време.

Вратете ја таа екстремна желба на површина и дозволете ѝ да еруптира одново - но овој пат, се надеваме, со малку поголема контрола и вештина.

5-idei-za-seks-so-ulogi-za-pochetnici-03.png

Двајца странци

Натерајте го вашиот партнер да ви пријде како никогаш да не сте се запознале и да сте потполни странци, да се однесува со вашето тело како никогаш претходно да не го видел. Возбудата ќе биде одлична!

Еротска масажа

Масажата што ве носи „до крај“ е вистинско уживање. Но, ако играте масер, погрижете се да обрнете внимание на сите различни делови од телото на вашиот партнер.

На тој начин играта ќе биде уште позадоволувачка. Можете да пробате и тантричка масажа.

5-idei-za-seks-so-ulogi-za-pochetnici-04.png

Водоинсталатер

Знаете дека кога во еротските филмови ќе се појават водоинсталатер, столар, електричар - работите може прилично да се вжештат. Можеби сте сами дома и имате проблем со мијалникот во кујната, мокри сте и не знаете што да правите, но тогаш ќе се појави водоинсталатерот за да го спаси денот.

M. Г. | Црнобело / pinterest.com

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg