Модели на чанти што ќе ги гледаме насекаде во 2026-та
Чанти со впечатливи детали
Уникатни везови, бисери, кристали – сето ова се детали што ќе ги гледаме на чантите во 2026-та.
Ваквите модели се одлични за акцентирање и ги освежуваат и наједноставните комбинации.

„Плико“ чанти во секојдневни комбинации
Таканаречените „плико“ чанти се хит за вечерни излегувања.
Но, поголемите модели можат да бидат идеални и за дневни комбинации, особено ако сакате доза елеганција во аутфитот.

Бохо чанти
Бохо стилот не си заминува ни годинава, а ова се одразува и на трендовите за чанти.
Широки, со реси, со впечатливи дезени – нема да погрешите со бохо чанта.

Впечатливи текстури
Крзнените и „теди“ капутите веќе се огромен хит, а трендот се префрла и кај чантите.
Како акцент на аутфитот, можете да носите чанта од крзно, кадифена чанта и главно кој било модел со уникатна и впечатлива текстура.

Спирова С. | Црнобело
