Модели на чевли што ќе доминираат во 2026-та

Женствени салонки со ниска или средна потпетица, како и ретро кломпи идеални во комбинација со винтиџ парчиња и бохо аутфити.

modeli-na-chevli-shto-kje-dominiraat-vo-2026-ta-01.jpg

Во 2026-та удобноста е приоритет, особено кога се во прашање чевли. Па, годинава ќе доминираат модели кои се пред сè удобни.

Предност им се дава на минималистичките чевли, но од друга страна хит се и впечатливите штикли кои се како акцент на целиот аутфит.

Модели на чевли што ќе доминираат во 2026-та:

Женствени салонки

Класичните салонки не излегуваат од мода, а годинава доминираат моделите со ниска или средна потпетица.

Совршено изгледаат со миди здолништа, тесни панталони и костими, но можете да ги комбинирате и со полежерни аутфити, на пример со фармерки.

modeli-na-chevli-shto-kje-dominiraat-vo-2026-ta-02.jpg

Мокасини

Мокасините се популарни веќе неколку години, но во 2026-та, фокусот е на поедноставните модели, без многу детали.

Можете да ги комбинирате со широки панталони, бермуди, но и фустани.

Идеални се за секојдневни комбинации, но добро се вкопуваат и во деловни аутфити.

modeli-na-chevli-shto-kje-dominiraat-vo-2026-ta-03.jpg

Чевли со V израз

И ова е модел кој почна да се прославува минатата година, а сега станува уште поглем хит.

Постојат безброј модели – балетанки, влечки, со мала штикла, со средна штикла – а бидејќи се и со шпиц, визуелно ги издолжуваат нозете.

Одлични се за поелегантни комбинации, но можете да ги комбинирате и со полежерни парчиња, како фармерки.

modeli-na-chevli-shto-kje-dominiraat-vo-2026-ta-04.jpg

Впечатливи штикли

Впечатливите штикли кои се акцент на аутфитот се еден од најпопуларните трендови за годинава.

Метални украси, цветни детали, сатенски ленти, кристали – опции има безброј, па можат да се вметнат во сечиј стил.

Идеални се за прослави и посебни пригоди, но слободно можете да ги комбинирате и со секојдневна облека за да внесете доза луксуз во аутфитот.

modeli-na-chevli-shto-kje-dominiraat-vo-2026-ta-05.jpg

Кломпи

Кломпите доминираа пред повеќе од една деценија, а сега повторно стануваат популарни.

Може да бидат малку тешки за комбинирање, особено ако не претпочитате винтиџ облека, но изгледаат навистина „шик“ со широки панталони, макси фустани и бохо аутфити.

modeli-na-chevli-shto-kje-dominiraat-vo-2026-ta-06.jpg

Удобни балетанки

Удобноста одамна е приоритет кога е во прашање модата, па не е ни чудно што балетанките повторно се хит.

Едноставните минималистички модели може да се комбинираат со апсолутно сè и му даваат доза елеганција на секој аутфит.

modeli-na-chevli-shto-kje-dominiraat-vo-2026-ta-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
8 модели на чанти кои ќе доминираат по крајот на летото – хит за есен 2025 Змиски принт, големи чанти во кои собира и облека за викенд патување, кафеави ча...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg