Низок струк, впечатливи дезени: Какви фармерки ќе носиме оваа пролет?
Фармерките со низок струк повторно се хит, но во малку попрактична верзија од раните 2000-ти. Што се однесува до боите, покрај класичната сина, голем хит ќе бидат и сивите нијанси.

Иако ги сакаме и во зима, пролетта е сезоната кога фармерките вистински се истакнуваат.
Кога времето уште не е доволно топло за фустани и кратки панталони, фармерките стануваат идеалното парче.
Што се однесува до трендовите за фармерки, оваа пролет се враќаат модели што биле хит и пред многу години, а се задржуваат и неколку трендови од минатата година.
Какви фармерки ќе носиме оваа пролет?
Со низок струк
Фармерките со екстремно низок струк беа особено популарни во раните 2000-ти.
Сега повторно им се враќа популарноста, но во малку попрактична верзија – струкот на фармерките не завршува многу ниско.
Идеални се за дневни излегувања, во комбинација со маички.

Во сива боја
Се менуваат и нијансите кои се популарни.
Наместо темните фармерки кои беа популарни претходните сезони, оваа пролет ќе се носат сиви модели.
Одлични се бидејќи делуваат како неутрална основа, што значи ќе можете да искомбинирате со апсолутно сè.

Широки, но структурирани модели
Широките фармерки продолжуваат да доминираат, но оваа пролет популарни ќе бидат моделите со дефиниран крој и рамни ногавици.
Исто се удобни и како многу широките модели, но сепак изгледаат поелегантно и има повеќе опции за комбинирање.

Со принтови и металик детали
Ако сакате посмели комбинации, тогаш оваа пролет слободно експериментирајте со фармерки со дезени, но и металик детали.
Графички дезени, суптилни цветови, уникатни метални украси – ваквите модели можат да бидат акцент на аутфитот и да му го подобрат изгледот.

Со висок струк
Фармерките со висок струк не излегуваат од мода, а истото ќе важи и за оваа пролет.
Покрај широките со рамен крој, годинава се популарни и потесните модели, па имате безброј опции за комбинирање.

Спирова С. | Црнобело
