Како да се справите со лузните од акни
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да се справите со лузните од акни

Самодовербата е важна за впечатокот кој го оставаме врз околината, но често пати е тешко да ја одржиме на ниво, ако постојано мислите за непријатните мозолчиња на вашето лице или за лузните кои тие ги оставиле на кожата.

kako-da-se-spravite-so-luznite-od-akni-2

Многу млади луѓе се борат со овој проблем, но за среќа решение постои. Зависно од тоа колку е голем вашиот проблем, третирањето на овој проблем може да се одвива во козметички салон или со помош на природни методи, кои можете да ги пробате дома.

Последното истражување покажало дека скоро една половина од жените во светот имаат проблем со кожата, а кај мажите таа бројка е помала, но не е за потценување, бидејќи со ваков проблем се соочува ¼ од мажите од светската популација.

Пред да пробате некој од методите, важно е да знаете кои навики прават вашата кожа да страда. Тоа е прекумерно количество кафе во текот на денот, премногу внесување шеќер, нередовно чистење на очилата за сонце, како и нередовно чистење на вашиот мобилен телефон.

За совршена маска која ќе го исчисти вашето лице и ќе и помогне на кожата да оздрави. Оваа маска освен што е вкусна и богата со витамин Ц, таа е и добар сојузник во борбата со лузни.

Исчистете го лицето со тоник за чистење и измијте го со млака вода. Потоа, исечкајте еден домат и изгмечете го . Смесата нанесете ја на лицето и оставете да делува 10 минути. Исплакнете со млака вода. Доматот ги убива бактериите на нашата кожа и ја зголемува еластичноста.

Потоа помешајте малку маслиново масло и малку сол и добиената смеса нанесете ја на лицето. По неколку минути исплакнете. Оваа смеса ќе ги стивне воспалените акни.

За сите оние кои имаат посериозен проблем со кожата и сакаат тоа да го решат еднаш за секогаш, препорачуваме да се обратат во козметички салон на третман со фракционален ласер – метода која го обновува цел горен слој на кожата, без при тоа да остави црвенила.

Би можело да ве интересира:

Сиромашна учителка докажува дека парите не се пресудни за стилот (фото... Таа има скромни примања, но тоа не ја спречува да изгледа како модна икона. Купу...
Модни грешки кои ги прават сите мажи, заради кои изгледаат несредено Модата се менува постојано, но вашиот стил останува. Добро е да знаете дека луѓе...
10 начини како најдобро да се справите со товарот кој го носите во ваш... Скоро секоја жена има чанта во која може да стави буквално сѐ, од мобилен телефо...