Трикови со кои ќе направите облеката која не ви е точна да ви стои подобро
-->
Колку пати се случило да се заљубите во некое парче облека, но да се разочарате кога ќе видите дека големината која останала не ви одговара?
Многумина се одлучуваат да го купат тоа парче и да го носат иако не им стои совршено, други пак, го купуваат со цел да ослабат (ако им е мало), трети да го однесат на поправка, а има и такви кои сами знаат да го приспособат.
-->
Иако постојат многу трикови за „направи сам“ проекти со кои може да ја коригирате облеката, сепак повеќето сакаат некој полесен начин.
Најлесен пат за тоа е да се прикрие недостатокот, а во продолжение погледнете уште неколку трикови:
Практикувајте слоевито облекување и недостатоците покријте ги со друго парче облека
Користете ги коланите за подобро да ја истакнете половината, на пример со широки џемпери или туники
Ако панталоните или здолништето ви се широки, а немате колан при рака, ставете ја кошулата внатре за да не делувате со целосно проширен изглед
-->
-->
Пробувајте ја облеката пред да ја купите наместо да се потпирате на стандардна големина, која секаде е различна
-->
Доколку не можете да најдете ништо со што ќе го поправите изгледот, однесете ја облеката на кројач за соодветно да ви стои
Високите штикли помагаат широките и долги панталони да стојат подобро, а не како торба
-->
Ако сте со помала и ниска градба, наместо да купувате голема облека, купувајте во детски оддели
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време)
Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
7 парчиња облека и аксесоари поради кои телото ви изгледа непропорционално (и треба да ги избегнуват...
Фустан што ја отцртува линијата на телото: Ваквите фустани го нагласуваат секој ...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед
Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар
Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
8 модни парчиња кои се тренди, но на моменти се навистина непрактични
Парчиња облека со пердуви: Облеката со пердуви бара посебна грижа и начин на скл...
9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома)
Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...