Водич за жени: Како да носите тесно здолниште без да ги нагласите недостатоците на телото?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Референт 23-08-2019


Водич за жени: Како да носите тесно здолниште без да ги нагласите недостатоците на телото?

Пенсил здолништето е универзално парче облека кое во последно време секоја девојка се обидува да го поседува.

kako-da-odberete-idealno-pensil-zdolnishte-spored-figurata-za-da-gi-skriete-nedostatocite-001.jpg

Сепак, многу се плашат од овој модел, бидејќи мислат дека со тоа може уште повеќе да си ги нагласат недостатоците на телото.

Но, дизајнерите уверуваат дека постојат различни модели на пенсил здолниште и има избор за секој тип на тело.

Важно е само да знаете какво е вашето тело и да проверите кој модел најдобро ви одговара според градбата.

Инструкции за пенсил здолниште:

Форма на јаболко

Идеално здолниште:

  • Висок струк
  • Цврст материјал (тексас, кожа)
  • Класична темна боја (боја на црвено вино, тегет, црна, сива)
  • Материјал со дезени е дозволен за да го оттргне вниманието од волуменот на половината
  • Моделот треба да се стеснува надоле
  • До колена или малку над нив

kako-da-odberete-idealno-pensil-zdolnishte-spored-figurata-za-da-gi-skriete-nedostatocite-02.jpg

Форма на круша

Идеално здолниште:

  • Рамен крој, може да користите широк колан
  • Цврст материјал, без додадотци и дезени од страните
  • Неколку сантиметри под колена
  • Светли бои, монохроматски бои *(маслинеста, млечна, сива, црна)

kako-da-odberete-idealno-pensil-zdolnishte-spored-figurata-za-da-gi-skriete-nedostatocite-03.jpg

Форма на превртен триаголник

Идеално здолниште:

  • Тесна
  • Различни нијанси на бела, дезени со хоризонтални линии, светли бои и металик
  • Ако бирате темни бои, најгласете ја половината (тесна јакна или корсет)

kako-da-odberete-idealno-pensil-zdolnishte-spored-figurata-za-da-gi-skriete-nedostatocite-04.jpg

Форма на правоаголник

Идеално здолниште:

  • Модел кој надолу благо се стеснува
  • Не мора да е целосно тесна
  • Од цврст материјал
  • Без колан

kako-da-odberete-idealno-pensil-zdolnishte-spored-figurata-za-da-gi-skriete-nedostatocite-05.jpg

Форма на песочен часовник

Овој тип на тело е идеален за вакво здолниште и речиси сите типови и модели одговараат на фигурата со оглед на тоа што одлично се нагласуваат облините.

kako-da-odberete-idealno-pensil-zdolnishte-spored-figurata-za-da-gi-skriete-nedostatocite-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да одберете штикли кои ќе ви бидат удобни и нема да изгледате сме... Жените во штикли навистина изглеаат поженствено, но само доколку во нив се чувст...
Како да носите пончо оваа есен? (фото) Оваа есен е во знакот на удобноста и комфорот, а доколку сакате да си удоволите ...
Есенски модни комбинации за полнички девојки - носете ги килограмите с... Модата одамна престана да биде наменета само за овие или оние, разделени во неко...