Имањето стил не значи „здолниште и високи потпетици“ - модни тајни кои стилистите ги чуваат само за себе

Ќе се согласиме: ништо не се менува толку брзо како што се менуваат модните трендови. Луѓето „очајно“ се обидуваат да останат во чекор со модата, а тоа неретко знае навистина да чини.

Imanjeto-stil-ne-znachi-zdolnishte-i-visoki-potpetici-modni-tajni-koi-stilistite-gi-chuvaat-samo-za-sebe 01 630x330.jpg

Дел од современите, светски стилисти кои имаат обемно познавање од модниот свет се подготвени да споделат низа совети „бесплатно“, а пак наспроти нив се оние кои истите ги задржуваат за себе и практично ги преточуваат во изгледот на својот клиент.

Универзални совети и едноставни модни трикови навистина постојат - 10 „тајни“ правила кои им пркосат на модните новитети:

Имањето стил не значи „здолниште и високи потпетици“ по секоја цена

Слободно експериментирајте со повеќе лежерни парчиња, па дури и умешно искомбинирана машка облека. Комфорна маичка, сако и добро одбрани патики или мокасини се секогаш добитна комбинација, a не може да погрешите и со макси фустан и патики или чизми, зависно сезоната. 

Imanjeto-stil-ne-znachi-zdolnishte-i-visoki-potpetici-modni-tajni-koi-stilistite-gi-chuvaat-samo-za-sebe 02 630x450.jpg

Водете се по правилото „три клучни елементи“

Ако мразите комплицирани модни трендови и само сакате да изгледате класично, а трендовски, потребно е да обрнете внимание на три поединости.

Квалитетните очила за сонце, секојдневната кожена чанта и добриот пар чевли или патики во кои можете лесно да се движите, веднаш ќе го комплетираат вашиот изглед.

Imanjeto-stil-ne-znachi-zdolnishte-i-visoki-potpetici-modni-tajni-koi-stilistite-gi-chuvaat-samo-za-sebe 03 630x450.jpg

Прошетајте ги патиките подалеку од теретаната

Патиките веќе одамна не се чевли наменети само за спортување. Сѐ повеќе стилисти се обединуваат при одлуката дека комбинацијата на здолниште и добро избрани патики е навистина трендовски „фит“, а исто така е доволно удобна за брзото темпо во кое живееме.

Imanjeto-stil-ne-znachi-zdolnishte-i-visoki-potpetici-modni-tajni-koi-stilistite-gi-chuvaat-samo-za-sebe 04 630x450.jpg

Обрнете внимание на изборот на ремен

Верувале или не, ремените се суштински дел од вашата облека. Додавањето текстуриран, украсен или шарен појас е најбрзиот начин да ги истакнете основните парчиња и да ја „убиете“ монотонијата.

Imanjeto-stil-ne-znachi-zdolnishte-i-visoki-potpetici-modni-tajni-koi-stilistite-gi-chuvaat-samo-za-sebe 05 630x450.jpg

Бисерите се секогаш добредојдени

Бисерно ланче, обетки или додатоци како бисерни клипови за коса, се навистина полн погодок. Ѕирнете во накитот на вашата баба и инспирирајте „шик“ изглед кој ќе додаде необична елеганција на вашата лежерна облека.

Imanjeto-stil-ne-znachi-zdolnishte-i-visoki-potpetici-modni-tajni-koi-stilistite-gi-chuvaat-samo-za-sebe 06 630x450.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg