5 места низ Македонија кои може да ги посетите за викенд (видео)
Ако сакате да тргнете на еднодневна прошетка низ Македонија, или да заминете на викенд, а не знаете каде би оделе, нашиот туристички водич, Весна од Охрид, има 5 предлог дестинации.

Весна Коцевска од Охрид е туристички водич и травел-блогер, а на многумина им е позната како @whisper.ves.
Преку својот профил на Инстаграм, кој го следат над 43.000 луѓе, таа често споделува информации за патувањата на кои оди како водич, совети за оние кои во иднина би ги посетиле тие дестинации, но и свои предлози за местата кои вреди да се посетат.
Овој пат, Весна објави видео со 5 дестинации низ земјава кои можете да го посетите оваа пролет, доколку сакате да отидете некаде на викенд или на еднодневна прошетка.
На нејзината листа се најдоа следните 5 дестинации:
Маврово и водопадот Дуф, кој се наоѓа во општина Ростуше, а е дел од Националниот парк Маврово.
Лесновскиот манастир во близина на Пробиштип и Воденичарските пештери.

Весна предлага и да пешачите до Заум, кој се наоѓа во близина на Охрид, а е место кое скоро сите го посетуваат со чамец.
Патеката дотаму тргнува од Надол кај Трпејца, каде што можете да го најдете знакот кој ќе ви покаже во кој правец треба да се движите.
Доколку сте љубител на риба, тогаш нејзин предлог е селото Радожда, струшко, каде што ќе можете да уживате во погледот на езерото и вкусната храна.

Прочитајте и „Бев во Радожда - ловев риба, се качив во црквичката во карпа и не можев да се наситам од глетката“
Последни на нејзината викенд-предлог листа се Матка и пештерата Врело, во близина на Скопје.
Ова е една од омилените дестинации на туристите кои доаѓаат во нашиот главен град, но и меѓу омилените места на скопјани за разладување од градските горештини.

Кликнете на видеото и погледнете ја листата со 5 предлог дестинации:
А. Ј. | Црнобело
