Едно место на Јадранот е хит за летување со пристапните цени - кафе за 2 евра, сместување за 30 евра
Цените во ова место се толку поволни што некои посетители велат дека за парите што би ги потрошиле за еден ручек на хрватското крајбрежје, овде можат да преспијат, испијат кафе и да се најадат.

Ако планирате одмор покрај море, а не сакате еден викенд да ви го испразни паричникот, тогаш Неум во Босна и Херцеговина би можел да биде идеално решение, тврдат регионалните медиуми.

Единствениот град во БиХ што излегува на море станува сè поатрактивен за туристи од Хрватска, Србија и целиот регион - пред сè поради значително пониските цени на сместување и храна во споредба со популарните јадрански дестинации. Доаѓаат туристи и од Чешка.

Неум е единствениот приморски град во БиХ, со излез на Јадранско Море.
Има околу 4.000 жители (постојано население).

Приморската линија на Неум изнесува околу 24 километри, но пристапни се нешто помалку од 10 километри.
Познат е по поевтиното сместување и храна во споредба со другите дестинации на Јадранот. Ноќевање може да се најде за 30–40 евра, а комплетен оброк за 5–8 евра.

Туристичката сезона трае од мај до септември, а морето е топло и чисто.
Неум не е отворен кон морето, туку е сместен во залив, што ја прави водата потопла и мирна, но и малку „статична“ според некои туристи.

Инаку, цените се толку поволни што некои посетители велат дека за парите што би ги потрошиле за еден ручек на хрватското крајбрежје, овде можат да преспијат, испијат кафе и да се најадат.
На сајтови како Booking и Airbnb, уште на почетокот на сезоната може да се најдат студио апартмани и соби за околу 30 евра по ноќ и тоа на само 100 метри од морето.

И цените на храната и пијалаците во Неум се многу прифатливи:
Кафе во кафуле: 2 – 2.5 евра
Ручек (порција ќебапи или пица): 3.5 – 8 евра

