Селце на Кефалонија со шарени куќарки, впечатливи таверни, море и еден куп мачки

На моето патување на Кефалонија, најголемиот остров во Јонското Море, имав можност да налетам на едно селце со шарени куќарки и тиркизна вода. Од толку места видени до сега, Асос ми направи најголем мерак. Сериозно!

selce so sareni kucarki vpecatlivi taverni more i eden kup macki 4

На 36 километри од Аргостоли, главното гратче на Кефалонија, се наоѓа пријатно место со едвај сто жители. Таму сите куќарки поседуваат посебен шарм.

Те гледаат гордо што едноставно не можеш, а да не им се насмевнеш. Уникатните бои на секоја од нив ти приредува едно визуелно доживување, кое, барем мене, не ми дозволија да си заминам без да ги фотографирам.

View this post on Instagram

A post shared by Evgenij Houp | (Milosh) 🧭 (@evgenij.houp)

Ако плажите ги оставиме настрана, Асос е најслаткото нешто што се наоѓа на островот. Од една страна е толку мало, а исполнето со огромна пријатност и ведрина. Небаре е некое место произлезено од романи.

Нешто друго што ми остави впечаток на островот Кефалонија, ни помалку, ни повеќе се нивното Височество, мачките.

Забележав како се третирани по слегување од фери бродот, но тоа особено беше изразено на Асос. Буквално, третирани се како царици. Ги хранат, ги галат, Ги штитат. Да ти е мерак да си мачка таму.

View this post on Instagram

A post shared by Evgenij Houp | (Milosh) 🧭 (@evgenij.houp)

Шега на страна, ама не останав рамнодушен ниту на мирисот на свежо подготвените каламари. Имаше неколку впечатливи таверни во сино-бела боја, со насмеан персонал и така настрвен, со порција храна во раце се спуштив на плажичката.

Си ги бркцав нозете, уживав во лигните, впивајќи ја сета убавина околу себе. Во тој занесен момент си размислував колку е потребно за среќа.

Понекогаш многу малку, само широко отворени очи да гледаат во синевина пред себе и благодарност за сето она што го имаш во животот.

Посета на Кефалонија е посебен аџилак, а оние кои се отворени за нови работи ќе извлечат најмногу.

selce so sareni kucarki vpecatlivi taverni more i eden kup macki 3

selce so sareni kucarki vpecatlivi taverni more i eden kup macki 3

selce so sareni kucarki vpecatlivi taverni more i eden kup macki 3

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
„Бев во Неи Пори овој јуни 2023, лежалка со кафе е 5 евра, морето е уште студено, но едно селце кое ... „Пријатно бев изненадена од ниската цена на вилата во која во престојував, од не...
Литохоро во Грција - oдлична опција за љубителите на море и планина, а ќе стигнете за околу 4 часа о... Сместен во подножјето на планината Олимп, Литохоро е живописен град во Грција ко...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg